За првпат во земјава ќе има сериозно производство на домашно пилешко месо со запазување на најсовремените пракси за безбедност на храна, напиша на својот фејсбук профил премиерот Зоран Заев.
На овој начин не само што ќе имаме намалување на увозот на свежо пилешко месо во земјава, туку се отвора и можност за извоз на странските пазари и отворање нови работни места, потенцираше Заев на својот профил.