Со длабока тага го изразувам искреното сочуство за загубата на нашиот првоборец Раде Гогов, пишува на профилите на социјалните мрежи на премиерот Зоран Заев.
„Гогов како млад партизан го обезбедуваше првото заседание на АСНОМ и останува во нашите срца и сеќавања како борец кој остави своја неизбришлива трага во македонската историја. Како првоборец на НОБ се бореше за нашето ослободување, самобитност, државност и независност.
Ќе остане запаметен по храброста и неговите преданија за македонската борба за слобода. Нека му е вечна славата“, пишува на официјалната фејзбук страна на Заев.