ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Една сосема приватна белешка за познат криминалец од понизок ранг

November 29, 2020 23:17
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Оној бедник, полтронот на Груевски, што се нафатира со пари наменети за субвенции во сточарството, а се претставуваше и како новинар, должи пари на сите страни, меѓу другото и на потписникот на овие редови. Своевремено, Судот во Скопје, иако досуди во моја полза, сепак, побара од мене да ги платам неговите судски трошоци и адвокатот што му го додели по службена должност. Чуден некој пропис. Како и да е, оваа валкана фигура од подземјето, криминалец од понизок ранг, ми должи пари, не од алашвериш, туку потврдено, со судска пресуда за навреда и клевета. Да, да, мизерен е човекот.

Сигурно сте забележале, јас не се занимавам со него, иако тој се занимава со мене речиси секој ден. Причината за тоа што јас не го спомнувам е неговото ниво – тоа е толку ниско што мислам дека и оваа белешка е неизмерно голем успех за него. Сепак, можеби е добро понекогаш да го спуштам погледот кон калта каде што се прпелка со децении, бидејќи таму не е сам. Таму се неговите газди – криминалци од повисок ранг, но и други арамии, нему слични по нарав, неморал и грди муцки.

Како и секој криминалец и бегалец од законот, тој нема ниту еден денар на своите трансакциски сметки, ниту било каков имот на свое име, за да може луѓето да ги наплатат долговите од него. Но и тука лежи една причина повеќе органите за прогон да се заинтересираат за него. Тоа што нема легални пари и имот, а се вози наоколу со џипови, ждере по кафеани, одржува некаков квази медиумски простор на интернет, значи дека сите пари со кои располага се во кеш, неоданочени, а имотот му е „распределен“ кај оние што го кријат и поддржуваат. Значи, арамиско гнездо.

Без Без образ, без срам, овој гнасен двоножец, кој е како лик од романите на натуралистите во книжевноста, продолжува со својата кампања со лаги и омраза. Очигледна е неговата спрега и со криминални структури кои се инволвирани и во бизнисот и во политиката, а за кои одработува до ден денеска. Доколку се спроведе некоја истрага, не е исклучено неговите газди да се доведат и во врска со безбедносни прашања, но тој сигурно не е дел од тоа. Не го бива човекот, тоа е премногу сложено за него. Сé што успеа да постигне во животот е да се крие на стари години.

Јас се надевам дека судските власти до сега имаа време да се професионализираат и осамостојат, па затоа ги повикувам да го изведат овој криминалец пред лицето на правдата и конечно да го затворат неговиот случај, бидејќи воопшто не му служи на чест на судскиот систем, а секако е дел од тие што го загрозуваат јавниот интерес. Да не зборувам за тоа дека секојдневно го крши законот на различни начини, а колку што се сеќавам, треба да одлежи и казна за претходно извршено кривично дело измама. Неговото име ќе им го соопштам на претставниците на законот, за кои се надевам дека ќе ме побараат во најскоро време.

Овде сум должен да издадам и едно предупредување: Од толку многу лажење и кражби, што ги надминува неговите интелектуални и ментални капацитети, тој е толку одлепен, што веројатно и верува во своите гнасни лаги. Кој држи до минимум достоинство, би требало да го заобиколува во широк лак. Плус и смрди, така што избегнувањето е секако пожелно. Го препознавте, нели? Или се збунивте, бидејќи знаете за уште најмалку еден ваков лик? Ве разбирам, јас знам за барем уште десетмина вакви криминалци од понизок ранг.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.
Next Post

Медицински персонал на Армијата се приклучува во борбата против Ковид

НАЈНОВО

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или .ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025
Скриншот

Дијамантски брош на Наполеон, продаден за над 3,5 милиони франци

November 13, 2025

Пакистанскиот парламент изгласа доживотен имунитет за претседателот и командантот на армијата

November 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стабилни буџети, нестабилни приоритети – општините во фискален парадокс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали Панкерот и кумовските врски на Мицкоски се под истрага – скандалот со ИПАРД води до врвот на власта

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 13 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Ни прават булинг да го смениме Уставот – денес сме таму каде што бевме пред 25 години на патот кон ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk