Со клоци и тупаници вчеравечер соседот на Ирена Николовска Ристановска од Битола, удирал на вратата од нејзиниот стан извикувајќи дека ќе ја убие и неа и нејзиното деветгодишно дете Лука, кое што има аутизам. Голготата на оваа мајка трае со години, а правна завршница нема, ниту во обвинителството, ниту по приватна тужба, пишуваат од Слободен печат.
Сѐ се завршува со полициски записник и понатаму институциите не реагираат на очигледното дискриминирање од страна на соседот кон детето кое што има посебни потреби. Поплаките се секогаш дека Лука е гласен, дека скока, дека игра со возот на подот од собата и дека тоа им пречи на двајцата соседи кои потоа доаѓаат на вратата од семејниот стан и со закани, агресија и тешки зборови го прават животот на ова семејство неподнослив.
За целата сторија погледнете тука.