ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Маричиќ во Студио 10: Ќе има проветрување на судството, нема да има чистка

December 1, 2020 12:59
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

„Единствена амнестија која што постоеше е таа која што со Закон беше донесена во текот на 2018 година. Тајни амнестии нема, јас не можам да верувам и не сакам да верувам дека има такво нешто. Сигурно би го знаел тоа и не би се согласил со било каков вид на притаена амнестија бидејќи граѓаните очекуваат одговорност за сите функционери денес, сите функционери вчера и сите функционери утре.“, рече министерот за правда Бојан Маричиќ во гостувањето на телевизија 24 во емисијата „Студио10“

Тој истакна дека верува во одговорност и на јавните личности и на секој граѓанин поединечно но и во одговорност на судството да испорача правда.

„Од ветингот се откажавме затоа што ветингот во Албанија не се покажа како успешна приказна и таа неуспешна приказна која ЕУ ја оцени како таква не сакаат да се повтори тука кај нас. Мислам дека треба да бидеме трпеливи и во наредните неколку денови или неколку недели ќе добиеме јасен одговор, има неколку фази кои треб да се случат во наредните денови за да ја заокружиме стратегијата или планот за проветрување. Она што можам да кажам е дека тој ќе се темели на постоечките закони и постоечките документи кои не се малку. Само треба да ги ставиме во еден план и концепт и да бидат спроведени од страна на судскиот Совет и Советот на јавни обвинители.“

Министерот истакна дека не се трга со предрасуди за некаква чистка, туку дека треба да се зголеми одговорноста на судиите и обвинителите.

„Не тргаме со предрасуди дека треба да се прави некаква чистка, треба да се зголеми одговорноста на судиите и обвинителите, треба да има мерливост во оценувањето на нивната работа и во проверување на нивната работа. Целта е да имаме поефикасно, поодговорно и поетично судство и мислам дека се што служи на таа цел не треба да се исклучува. Не е целта да се бркаат судиите целта е да се подобри нивната работа.“, потенцира Маричиќ и додаде дека за оние судии кои што ќе утврди судскиот совет дека не треба веќе да бидат во системот секако дека ќе бидат разрешени.

Тој нагласи дека извршната власт не може да кажува кој судија е добар или лош, кој да остане или не, но извршната власт е тука за да ги рефлектира грижите на граѓаните.

„Наша цел не е да кажуваме кој судија е добар кој лош, кој треба да си оди кој да остане. Ние како извршна власт на тоа немаме право и не треба тоа да го правиме но, ние сме тука да ги рефлектираме грижите на граѓаните, ако граѓаните велат дека одредена пресуда или одредена група на пресуди или постапување на судии е проблематично а тоа се соопштува и во јавност и со конкретни претставки кои стигаат и до судскиот совет и до нас како Министерство за правда, ако граѓаните укажуваат во голема бројка дека работата на некој судија е проблематична тоа судскиот совет треба да го провери. Ние како Министерство за правда сме подготвени да помогнеме во секоја смисла на судскиот совет и на советот на јавни обвинители и не интересира таа динамика да биде транспарентна, процесот да биде транспарентен и ефикасен и да даде резултати. Нè интересира зајакната одговорност, не’ интересира зајакната етика и не интересира на крај дали ќе има ефекти. Интерес на Владата примарен е да има ефикасен систем на правдата, ефикасна правна држава и закон кој ќе важи еднакво за сите. Во таа смисла имаме право да комуницираме со судската власт за остварување на овие цели.“, подвлече министерот Маричиќ.

Ј. Ѓ.

 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Мицкоски: Потребно е зголемување на кредитот за автопатот Кичево – Охрид

July 14, 2025

(ВИДЕО) Трамп: Многу сум разочаран од Путин, воена опрема вредна милијарди долари ќе биде испратена во Украина

July 14, 2025

(ВИДЕО) Трамп ѝ се закани на Русија: Ќе испратиме „врвно оружје“ до НАТО сојузниците и Украина, ако не прекине војната за 50 дена

July 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мицкоски и Николоски се возеа по автопатот Кичево – Охрид: Аце, одлично изгледа ова, ако беше лесно немаше сигурно да бидеме ние

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Измени во Законот за возила, станиците за технички преглед ќе даваат потврда за регистрирано возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајка на експресниот пат Прилеп – Градско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Барселона сака да се „ослободи“ од двајца играчи, тие не сакаат да заминат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk