Се бројат деновите до новиот состанок на Советот на ЕУ, Меркел вели, уште има шанса за првата меѓувладина до крајот на годината.
Правдата стасува етапно кај нас, не е тоа процес ниту еден момент во којшто можеме да кажеме сега дојде правда меѓутоа не може да се каже дека е се исто и дека ништо не е променето во изминативе три и пол години, сепак имавме крупни случаи кои беа отворени а дел од нив и затворени пред суд, вели министерот за правда Бојан Маричиќ во Студио 10.
Треба да бидеме оптимисти до крај, тоа не е спорно, да се надеваме и да работиме на тоа да се отворат преговорите, тоа е во наш интерес секако мислам дека и премиерот и другите министри повеќе пати ги соопштија црвените линии од кои нема отстапување, истакна министерот Бојан Маричиќ.
Во Скопје денеска во дигитална форма почнува деветтото издание на Самитот Македонија 2025. Во фокусот на самитот се економските реформи и заздравувањето на економиите, а се очекува вклучување на над 400 високи претставници на институции и организации, дипломати, извршни директори, претприемачи, членови на академијата и млади лидери.
Речиси двојно поголем број оздравени пациенти – 544 од новодијагностицирани – 336 (од вкупно направени 1181 тестирање) се евидентирани во извештајот за состојбата со Ковид-19 на Министерството за здравство за изминати 24 часа.
Нема донесено наредба за забрана за снимање од медиумските работници. Министерството за здравство жали за недоразбирањето кое настана откако вчера до медиумите беше испратено известување во кое појаснивме дека ниту Министерството ниту која било друга Здравствена установа има издадено наредба или донесено одлука, или сл. за забрана за снимање.
Сашо Орданоски во ФРОНТ – Живот ли е ЕУ или панаѓур?
Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска и утре ќе учествува на редовниот состанокот на Северно-aтлантскиот Совет на НАТО на ниво на министри за надворешни работи.
Здружение „Заедно посилни“ по повод Светски ден на борба против Сида: Епидемијата на ХИВ сè уште активен проблем на јавното здравје.
Панел дискусија на ЦИВИЛ за изборните реформи: „Желбите наспроти реалноста“. По повод Меѓународниот ден на човековите права, 10 декември, Цивил организира мултимедијален Фестивал на слободата, кој оваа година е под мотото „Следна станица: Европа“. Фестивалот почнува денеска со панел дискустијата, а централниот мултимедијален настан ќе се одржи во четврток на 10 декември.
Министерот за правда Бојан Маричиќ дециден – Пописот ќе биде спроведен од статистичари, не како во 2011 година од партиска комисија. Законот за попис веќе е во Собрание, до средината на декември очекувам да биде донесен, ако оди според планот. Текстот е целосно усогласен и мислам дека навистина би било жално ако која било политичка партија се обиде да го блокира или бојкотира процесот
Пратеничката на СДСМ Калеска Ванчева во Топ тема на ТВ Телма, рече дека попис мора да има и дека за аспектите за пописот треба да се остават на стручњаците, односно на луѓето кои по Закон имаат надлежност да се спроведе оваа статистичка операција.
Ј. Ѓ.