„Треба да бидеме оптимисти до крај, тоа не е спорно, да се надеваме и да работиме на тоа да се отворат преговорите, тоа е во наш интерес. Секако мислам дека и премиерот и другите министри повеќе пати ги соопштија еден вид на црвените линии, или што е она што не можеме да го прифатиме ниту во оваа ниту во било која фаза и јас верувам во нашиот тим, верувам дека и премиерот Заев и министерот Османи и Димитров знаат што прават. Сигурен сум дека ќе дадат максимум за да ги отвориме преговорите без да се загрози нашиот интерес и идентитет. Сега топката е и во дворот во Бугарија и ќе видиме во наредните денови што ќе донесат.“, рече министерот за правда Бојан Маричиќ во гостувањето во емисијата „Студио 10“ нa телевизија 24.
Маричиќ истакна дека до последен момент има шанси да успееме и треба да се надеваме и да работиме на тоа до крај.
„Ние билдаме патриотизам цело време но не национализам. Како Влада имаме јасна патриотска позиција дека е во врвен интерес на нашите граѓаните, на нашиот народ и нашата земја да ги почне преговорите со ЕУ што поскоро, ние сме за жал заглавени повеќе децении во овој процес а многу држави околу нас станаа членки дури и поранешна Југославија со кој сме имале исти систем станаа членки на ЕУ и мислам дека С.Македонија заслужува да ги почне преговорите и вреди да се бориме за тоа.“, рече министерот Маричиќ.
Ј. Ѓ.