ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: Меркел – уште има шанси за првата меѓувладина до крајот на годинава, Маричиќ смета дека треба да бидеме оптимисти, двојно поголем број на оздравени пациенти од Ковид-19

December 1, 2020 12:07
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Се бројат деновите до новиот состанок на Советот на ЕУ, Меркел вели, уште има шанса за првата меѓувладина до крајот на годината.

Правдата стасува етапно кај нас, не е тоа процес ниту еден момент во којшто можеме да кажеме сега дојде правда меѓутоа не може да се каже дека е се исто и дека ништо не е променето во изминативе три и пол години, сепак имавме крупни случаи кои беа отворени а дел од нив и затворени пред суд, вели министерот за правда Бојан Маричиќ во Студио 10.

Треба да бидеме оптимисти до крај, тоа не е спорно, да се надеваме и да работиме на тоа да се отворат преговорите, тоа е во наш интерес секако мислам дека и премиерот и другите министри повеќе пати ги соопштија црвените линии од кои нема отстапување, истакна министерот Бојан Маричиќ.

Во Скопје денеска во дигитална форма почнува деветтото издание на Самитот Македонија 2025. Во фокусот на самитот се економските реформи и заздравувањето на економиите, а се очекува вклучување на над 400 високи претставници на институции и организации, дипломати,  извршни директори, претприемачи, членови на академијата и млади лидери.

Речиси двојно поголем број оздравени пациенти – 544 од новодијагностицирани – 336 (од вкупно направени 1181 тестирање) се евидентирани во извештајот за состојбата со Ковид-19 на Министерството за здравство за изминати 24 часа.

Нема донесено наредба за забрана за снимање од медиумските работници. Министерството за здравство жали за недоразбирањето кое настана откако вчера до медиумите беше испратено известување во кое појаснивме дека ниту Министерството ниту која било друга Здравствена установа има издадено наредба или донесено одлука, или сл. за забрана за снимање.

Сашо Орданоски во ФРОНТ – Живот ли е ЕУ или панаѓур?

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска и утре ќе учествува на редовниот состанокот на Северно-aтлантскиот Совет на НАТО на ниво на министри за надворешни работи.

Здружение „Заедно посилни“ по повод Светски ден на борба против Сида: Епидемијата на ХИВ сè уште активен проблем на јавното здравје.

Панел дискусија на ЦИВИЛ за изборните реформи: „Желбите наспроти реалноста“. По повод Меѓународниот ден на човековите права, 10 декември, Цивил  организира мултимедијален Фестивал на слободата, кој оваа година е под мотото „Следна станица: Европа“. Фестивалот почнува денеска со панел дискустијата, а централниот мултимедијален настан ќе се одржи во четврток на 10 декември.

Министерот за правда Бојан Маричиќ дециден – Пописот ќе биде спроведен од статистичари, не како во 2011 година од партиска комисија. Законот за попис веќе е во Собрание, до средината на декември очекувам да биде донесен, ако оди според планот. Текстот е целосно усогласен и мислам дека навистина би било жално ако која било политичка партија се обиде да го блокира или бојкотира процесот

Пратеничката на СДСМ Калеска Ванчева во Топ тема на ТВ Телма, рече дека попис мора да има и дека за аспектите за пописот треба да се остават на стручњаците, односно на луѓето кои по Закон имаат надлежност да се спроведе оваа статистичка операција.

Ј. Ѓ.

 

 

Next Post

Скандалозно: ВМРО-ДПМНЕ прва партија која влезе во теории на заговор поврзано со пандемијата

Shortcut

Најново

СДСМ: Откриена бизнис-шема со омилени изведувачи и фирми за надзор

June 15, 2026
Фото: 360 степени

(ВИДЕО) Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје

June 15, 2026

Николоски: Започнуваме постапки за изградба на експресен пат Кочани-Виница-Делчево и експресен пат Радовиш-Струмица

June 15, 2026

Мицкоски: Исплатени 230 милиони евра за домашните компании, индустријата бележи раст од 7,5%

June 15, 2026
ВИ

САД и Иран постигнаа договор што треба да стави крај на конфликтот, паѓа цената на нафтата

June 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk