ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Загрижувачка ковид слика во регионот – рекордни 221 смртни случаи во Бугарија за еден ден, Словенија на врвот во Европа според неделниот број на смртни случаи

December 1, 2020 16:26
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во последените денови во регионот повторно има сериозни бројки заразени и починати од Ковид-19. Состојбата во целиот регион на Балканот со коронавирусот е загрижувачка. Во Турција од утре се воведува полициски час од 21 до 5 часот во работните денови и целосен карантин за викенд, во Бугарија во последните 24 часа се регистрирани рекорден 221 смртни случаи од коронавирус, Албанија отвори и четврта ковид болница, во Грција најверојатно карантинот ќе продолжи.

Словенија е на врвот во Европа според неделниот број на смртни случаи од Ковид-19.

Според статистиката на школата Оксфорд Мартин, Словенија е на прво место во Европа според неделниот број на смртни случаи од коронавирус, со просечен број од 23,23 пациенти на милион жители.

Статистичките податоци покажуваат дека во Југоисточна Европа, Бугарија е на врвот на листата со 19,86, Северна Македонија со 14,88 и Босна и Херцеговина со 14,76 на милион жители, пренесува порталот 24 УР.

Бројките со нови случаи и починати како последица од Ковид-19 и во другите држави од поранешна Југославија се загрижувачки 

Во Хрватска вчера се регистрирани 1.830 нови случаи на коронавирус, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита. Позитивен на Ковид-19 е и премиерот Пленковиќ. Како последица на коронавирусот починаа 74 лица, што е најголем број за еден ден. Бројот на активни случаи во Хрватска е вкупно 21.457. Меѓу нив, 2.358 пациенти се во болница, од кои 255 пациенти се на апарати за дишење.

Во Босна и Херцеговина, 61 лице почина од последиците на коронавирусот. Има 526 новоинфицирани.

Во последните 24 часа во Србија се забележани 7999 нови сличаи на заразени со коронавирус од 22837 тестирани. Од последиците на вируосот починале 48 лица. Ова е најголем број на тестирани и заболени од коронавирусо во еден ден од почетокот на пандемијата во Србија.

Во Бугарија во последните 24 часа се регистрирани рекорден 221 смртни случаи од коронавирус 

Во последните 24 часа во Бугарија е регистриран рекорден број на смртни случаи од коронавирус – 221, а заразени се уште 2.814 лица, објавено е на официјалната интернет страница за следење на епидемијата.

Од последниот пресек тестирани се 6.825, а процентот на позитивни е 41,23 отсто.

Во моментов има 90.700 активни случаи.

Во болниците има 6.783 пациенти, од кои 457 се на интензивна нега.

Од почетокот на епидемијата во Бугарија се заразиле вкупно 145.300 лица, од кои 4.035 починале.

Во Турција од утре се воведува полициски час од 21 до 5 часот во работните денови и целосен карантин за викенд

Турската Влада од утре воведува полициски час од 21 до 5 часот во работните денови, и целосно „заклучување“ за време на викенд, односно од 21 часот во петок до 5 часот во понеделник.

Новите построги антиепидемиски мерки стапуваат во сила утре, а ослободени ќе бидат само некои сектори како што се снабдување и производство.

Осми ден по ред, во Турција се регистрира рекорден дневен број на смртни случаи од коронавирусот.

Во последните 24 часа, според податоците на Министерството за здравство, починале 188 лица, а потврдени се 31.219 нови случаи, што е исто така највисоко за еден ден од почетокот на епидемијата.

Карантинот во Грција, најверојатно ќе биде продолжен

Проценката е дека епидемиолошката слика не дозволува укинување на карантинот, сметаат грчки епидемиолози во интервјуата за медиумите во Грција и предупредуваат дека олабавувањето на рестриктивните мерки треба да биде барем една седмица подоцна, односно на 14 декември, јави дописничката на МИА од Атина.

Кон крајот на седмицава се очекува грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис да излезе со став дали на 7 декември ќе заврши карантинот или ќе биде продолжен.

Во Грција вчера беа регистрирани 1.044 нови случаи на Ковид-19, починаа 85 лица, а 600 пациенти се приклучени на апарати.

Албанија ја отвори четвртата ковид болница

Поради трендот на зголемување на бројот на заразените со Ковид-19, посебно на лицата на кои им е потребно болничко лекување, албанските власти ја отворија четвртата ковид болница, каде се хоспитализирани првите пациенти. Во оваа болница на располагање има 100 кревети и по нејзиното отворање, според министерката, се подготвуваат и за други сценарија за олеснување на здравствениот систем и во служба на граѓаните. Во последните десетина дена, во зависност од бројот на направените тестови, опасниот вирус е дијагностициран кај 545 до 835, но процентот е константен 30 отсто од тестраните.

Во Македонија двојно поголем број оздравени пациенти од новодијагностицирани

Во Македонија речиси двојно поголем број оздравени пациенти – 544 од новодијагностицирани – 336 (од вкупно направени 1181 тестирање) се евидентирани во извештајот за состојбата со Ковид-19 на Министерството за здравство за изминати 24 часа. Но, и натаму е висок бројот на починати пациенти, кој изнесува 32.

Според министерот за здравство Венко Филипче, мерките кои Комисијата за заразни болести ги донесе даваат резултат и бројката на хоспитализации се стабилизира. Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава, е 1296 и има околку 175 празни болнички кревети во ковид-центрите.

Фајзер/БиоНТех денеска поднела барање до Европската агенција за лекови (ЕМА) за авторизација на нејзината вакцина

Фармацевтската компанија Фајзер/БиоНТех соопшти дека денес поднела барање до Европската агенција за лекови (ЕМА) за авторизација на нејзината вакцина до крајот на оваа година, јави дописничката на МИА од Брисел.

Европската агенција за лекови порача дека во наредниот период ќе го разгледува ова барање и дека ако заклучи дека бенефитите од вакцината ги надминуваат ризиците, таа ќе даде одобрување за условна комерцијализација , со што би можело до крајот на оваа година вакцината на Фајзер да биде пуштена во промет.

Фајзер/БиоНТех и Модерна се првите компании кои најавија дека развиле вакцина против Ковид-19, вакцината на Фајзер има ефикасност од 95 отсто, соопшти фирмата.

Ј. Ѓорѓиоски

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Костова: Владата на Мицкоски ја претвори Македонија во „тажна балканска приказна“

May 10, 2025

Македонскиот павилјон „Strada Brutalissima“ на Венециското биенале на архитектурата 2025 вброен меѓу 10-те највпечатливи

May 10, 2025

„Марш за ангелите“ во Кочани: Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има!

May 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Интервју со Кристина Костова

    Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Браната Три Кланци во Кина ја успори ротацијата на Земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Левица: ВМРО-ДПМНЕ менува закони по мерка, веќе нема да требаат ни сертификати за директорско место

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мастрафот си ти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk