Оливер Белопета, Скопје џез фестивал, на панел дискусијата „Општеството во пандемија, изведувачките уметности на раб на опстанокот“ во организација на ЦИВИЛ истакна дека останале упорни во најтешкиот период во октомври и ноември да успеат да го организираат фестивалот.
„Не се следи доволно состојбата на овој план во Европа, малку знаеме какви се регулативите во Европа и какви беа летоска, од тој аспект можам да кажам дека кај нас летово имавме најлиберални мерки за културата, во споредба со цела европа, а сега во европа културата е затврорена имаме најлиберални мерки кои немам намера да ги критикувам, мислам дека од овој аспект од донесување на регулативите за летото и настани во затворени простори, одигра значајна улога да културата сепак максимално остане отворена“, истакна Белопета.
„Преку лето се одржаа сите фестивали кои беа планирани, максимално се почитуваат регилативите и тие настани во затворени простори искуството е такво не е да не доаѓаат инспекции, туку навистина се места со најмал ризик.
Односот на Градот Скопје, првата акција која беше во периодот кога имавме полициски час, имавме концерти, по паркови, покриви, тоа значи држење на живот на одредена сцена и треба да бидеме искрени дека не беше само културен проект сам за себе туку беше наменет за поширока групација која финансиски скромно им се помогна во тој период.
Најригорозните мерки сега се наоѓаат во оние земји кои имаат најмалку проблем со пандемијата.
Сите овие работи кај нас, многу повеќе отколку во Европа, беа живи на каков било начин и тоа е многу важно, културата беше максимално жива.
Министерстовот за култура има регистрирано накај 142 самостојни уметници, знам дека имаше идеја за овој четврти пакет од владата како да се внесат и тие, практичниот проблем е што ние немаме евиденција, тука нас ни недостигаат решенија од земји како нашите кои на долг рок водат евиденција, станува збор за поголеми земји кои имаат буџет со кој тоа можат да го поднесат“, истакна Белопета.