ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Валканото оружје на криминалните структури во политиката

Во оваа анализа станува збор за говорот на омразата, како едно од најважните оружја на криминалните структури во политиката и за тоа кои се ефектите, пораките и мотивите за лансирање и водење на валканите кампањи. Овде се открива како и кој ја креира омразата, обемот на операциите и на групите кои сеат омраза и неколку размислувања за ефектите и решенијата.

December 2, 2020 14:59
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕНЕС, МОЗАИК, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Една од главните причини зошто прогресивниот дел од граѓанското општество и медиумите се на удар е потребата да се заплашат и дискредитираат оние што можат да обезбедат јасна слика за деструктивните политики и практики на одредени центрите на моќ на кои не им одговара продолжување на демократските процеси. Нападот врз прогресивните сили во општеството не е својствен само за Северна Македонија. Илиберални тенденции и хибридни закани против демократијата се бележат во повеќе земји во светот, па така и овде земаат замав.

Логиката е многу едноставна. Со секојдневно ширење говор на омраза, со повици за линч, односно физичка ликвидација на активисти, новинари и експерти, како и на нивните семејства и блиски луѓе, се постигнува одреден ефект на заплашување.

Ако се анализира говорот на омразата за време на избори, како и други политички и општествени настани и процес, неизбежно ќе се дојде до заклучокот дека се работи за систематска и организирана операција во која се вложени огромни финансиски и човечки ресурси.

Дури и заканата од коронавирусот се злоупотребува во политички контекст. Во црната кампања се оди и дотаму, што одредени индивидуи од медиумската и универзитетската сфера дури и повикуваат на етничка војна, очигледно одработувајќи во полза на одредени политички партии и центри на моќта во и надвор од земјата.

ЗАПЛАШУВАЊЕ

Затоа, дел од групите или поединците што се јавно нападнати, се притајува, па и сосема замолкнува. Дел од активистите, новинарите и експертите се колебаат да излезат во јавноста, бидејќи се исплашени за својата и безбедноста на нивните семејства. Останатите, порешителните, губат време и енергија на одбрана од тие напади, што ги одвлекува од нивните примарни задачи, а тоа е да учествуваат во важни општествено политички процеси, да спроведуваат кампањи за јакнење на јавната свест, граѓанската едукација, мониторингот и сè друго што ја подразбира нивната мисија.

Со континуираните напади со лажни вести и дезинформации, вулгарности, навреди и клевети, насочени против прогресивните групи во општеството, се прави обид да се дискредитираат активистите, новинарите и експертите. На тој начин, преку оцрнување на авторите на колумни, извештаи, анализи и препораки во јавноста, се релативизираат критиките и им се припишуваат на „мрачни, заговорнички сили“, а самите автори се етикетираат како „неморални, предавници, платеници, странски агенти и шпиони“.

РЕЛАТИВИЗИРАЊЕ: СИТЕ СЕ ИСТИ

Најмалку што може да се постигне со ваквата пропагандна активност на деструктивните центри на моќта во општеството е да се добие впечаток дека „сите се исти“. На тој начин, луѓето се обесхрабруваат да учествуваат во процесите на носење одлуки и им се наметнува мислењето дека не можат ништо да променат, колку и да се трудат. Релативизацијата ги намалува криминалните постапки на одредени структури во очите на јавноста и внесува еден лажен критички дискурс, од кој не произлегуваат ставови засновани на факти, туку на емоции кои се предизвикуваат кај луѓето.

Паралелно со тоа, се мобилизираат радикализираните слоеви во општеството кои промовираат недоверба кон институциите и нетрпеливост кон прогресивните поединци и групи, а „решението“ на проблемите во општеството го нудат во форма на исклучивост, сегрегација, дискриминација и насилство, па и во етничкото чистење и политичките ликвидации.

КРИМИНАЛНИ МОТИВИ

Говорот на омразата е највалканото пропагандно оружје на криминалните политички структури. Во отсуство на прогресивни идеи, таа пропаганда е секој ден сè повеќе валкана. Со таквата пропаганда се освојуваат позиции во општеството и системот, но мотивите се далеку од патриотски, како што сакаат да се прикажат нејзините носители.

Напротив, мотивите се криминални од повеќе аспекти, почнувајќи од желбата за лично богатење, завршувајќи со желбата да се контролираат процесите или барем да се влијае врз нив, а потоа со тоа влијание да се тргува со центрите на моќта кои имаат дијаметрално спротивни интереси од оние на македонската држава. Затоа, оваа пропаганда има и безбедносни аспекти. Не е ни малку наивно, иако важна задача на „продуцентите“ на овие кампањи е да ги прикажат како наивни изблици на револт на „неутралните“ граѓанки и граѓани (од кои повеќето се партиски ботови или тролови).

Конечно, без оглед на политичките мотиви, се работи за криминална активност, забранета со законите и осудена од прогресивната јавност во земјава и многу пошироко.

ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛОБОДАТА НА ИЗРАЗУВАЊЕТО

Зад црната пропаганда која се служи со говорот на омразата, предизвикан од лажни вести, дезинформации и потпалувачки говор, стојат политички структури кои вешто ги злоупотребуваат човековите права и слободи, особено слободата на изразувањето, во своја корист. Тие не се воздржуваат ни од кривични дела во своето политичко и јавно дејствување, иако најчесто се работи за групации за кои веќе постојат низа истраги, обвиненија или силни индикации за тешки криминали. Тоа се богати структури кои можат да си дозволат да платат советници и да изградат „трол фабрики“ или да користат услуги од веќе постојните „капацитети“.

Исклучително ниското ниво на изразување, исполнето со гнасни и вулгарни изрази е една од највидливите карактеристики на ваквото дејствување. Нивната политичка ориентација не секогаш е декларирана отворено, бидејќи се оди на промовирање на пораката „сите се исти“. Сепак, од содржината на пораките што се упатуваат, јасно е дека се поддржуваат политиките на сегрегација и дискриминација на десничарските политички партии во земјата.

КАДЕ СЕ КРЕИРА ОМРАЗАТА?

Во ниеден момент, политичките партии, што се поддржани од структурите на онлајн насилниците, не искажале несогласување со ваквиот начин на артикулирање на политичките ставови во јавната комуникација. Тоа е донекаде и разбирливо, бидејќи оваа кампања, всушност, е креирана во самите политички партии.

Политичките лидери и функционери во политичките партии и самите се впуштаат во неконтролирано дивеење на социјалните мрежи, употребувајќи со прикриени, но неретко и сосема отворени националистички пораки, потпалувачки говор, екстремистички и крајно приземни изрази. Такви примери може да се најдат кај функционери и пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, но и кај другите политички партии и од македонскиот и од албанскиот политички блок.

КОЛКАВ Е ОБЕМОТ НА ГРУПИТЕ ЗА СЕЕЊЕ ОМРАЗА?

За јавноста е важно да знае дека, колку и да изгледа голема кампањата и дека ужива масовна поддршка (лајкови, споделувања, коментари), се работи за релативно мали структури кои користат професионални и софистицирани начини да допрат до голем број луѓе, особено корисници на социјалните мрежи. Сепак, нивното дејствување предизвикува сериозни последици.

Влијанието на црната пропаганда почнува во моментот кога луѓето ќе помислат дека зад нив стојат големи бројки. Но се работи за маркетиншки трикови и манипулации, а за тоа се потребни пари. Политичките партии располагаат со стотици илјади, па и со милиони евра, како од буџетот на РСМ, така и од приватните спонзори и донатори, а не смее да се заборават ни силните индикации дека располагаат и со црни пари чии извори, според одредени истражувања, доаѓаат од странски антизападни центри на моќта.

ЕФЕКТИ И РЕШЕНИЈА

И така, додека организациите на граѓанското општество спроведуваат релативно тромави и премногу исплакнати кампањи и проекти, пропагандната машинерија на десничарските политички структури и центри на моќта спроведуваат далеку поефективни кампањи. Медиумите, пак, се заглавени во тоа што во теоријата и праксата се нарекува лажна објективност. Така, во медиумите им се отстапува подеднаков простор на двете спротивставени страни во оваа пропагандна војна (компарација: пет минути за Евреите, но и пет минути за Хитлер). Со тоа, медиумите се претвораат во огласни табли, наместо општествен ресурс кој е во потрага по фактите и вистината. И онака, за вистината веќе никому не му е грижа, но тоа е предмет на посебна анализа.

Решението за овие предизвици пред кои се наоѓа македонското општество е едноставно, наспроти целата комплексност на проблемот. Институциите, особено Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи, како и сите останати релевантни институции, имаат законска обврска да излезат во заштита на јавниот интерес и безбедноста на граѓанките и граѓаните. Понатаму, јавноста, граѓанското општество и медиумите, имаат законска, морална и професионална обврска да обезбедат услови за пристојна, достоинствена и аргументирана дебата во општеството, а не за континуирана контаминација на јавниот просто со крајно валкана пропаганда.

Исклучително важно е граѓанките и граѓаните да не дозволат да бидат жртви на манипулации и заплашувања кои доаѓаат од пропагандните центри кои промовираат поделби, страв и насилство. Со неодговорното ширење на омразата кон одредени јавни личности и реално се поттикнува насилство против нив. Доволно е само да кажат не за црната пропаганда и да ги проверуваат информациите и вестите, колку и да изгледаат уверливо.


 

Сите права се задржани. Тесктот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Деветти „Марш за ангелите“ во Кочани: Полицијата и Обвинителството ни должат одговор, неселективна правда мора да има

June 7, 2025

МТФ „Војдан Чернодрински“: Претставата „12“ на МНТ е за некомпетентноста на современото живеење

June 7, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Коко Гоф го освои Ролан Гарос за прв пат во кариерата

June 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците ќе ја задржат шминката како посмртна маска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога една телефонска линија е алка во синџирот на лицемерието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МТФ „Војдан Чернодрински“: Претставата „12“ на МНТ е за некомпетентноста на современото живеење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајна несреќа на патот Скопје –Тетово: Почина 19-годишна девојка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Норвешки доктор осуден за силување десетици пациентки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk