ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Николов: Штип ќе биде прва општина во државата која целосно ќе ги дигитализира услугите

December 3, 2020 22:02
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Кандидатот за градоначалник на Штип на СДСМ доктор Сашко Николов во денешното онлајн обраќање до граѓаните меѓу приоритетите на својата програма ги истакна екологијата, заштитата на животната средина, дигитализацијата, транспарентноста.

„Ќе форсирам да обезбедиме сигурност, безбедност која општината ќе ја нуди на граѓаните, на која граѓаните да можат да се потпрат, како кога за време на пандемија кога имаме во изолација цели семејства, самата општина излезе во пресрет и отвори две телефонски линии и со помош на волонтери им помага во набавка на намирници, лекови, плаќање сметки, било каква техничка помошѐ“, рече Николов.

Тој најави дека Штип ќе биде прва општина во државата која целосно ќе ги дигитализира услугите, а во врска со транспарентноста нагласи дека општината функционира со пари од граѓаните и ние имаме задача да одработиме за нив, да го осетат благодетот на општината.

„Ако граѓаните ја дале довербата не смееме како СДСМ и Влада да дозволиме несоодветното работење да биде терк, туку целиот буџет треба да биде на располагање за секој граѓанин да види до каде се проектите, колку пари се потрошени, каде се потрошени, како се изработени проектите“, истакна Николов.

Тој како приоритет во овој краток мандат најави изработка на проектна документација мапирање на висински пешачки патеки и за велосипедисти и тоа во населба Мазги, према Шардавамбаши, и рекреативна патека и поврзување на населбата Баби и село Караорман, уредување зелени површини во населбата Сењак, Чардаклија, Караорман, итн.

Николов најави поставување на дополнителни мерни станици за контрола на квалитетот на амбиенталниот воздух, со чии податоци ќе знаеме каде и што да работиме за решавање на проблемот со загадувањето, дали инвертори или со новиот гасовод.

„Во врска со гасификацијата завршено е градежното одобрение и експропријацијата, гасоводните линии од 20 километри прво ќе бидат насочени кон јавните институции, училишта, градинки технолошко индустриските зони, индустриските капацитети, а потоа преку анкета и анализа до сите домаќинства да можат да користат еколошки и поевтин извор на енергија“, нагласи Николов.

Тој најави поставување на контејнери за селекција на отпад на 30 нови локации и едукација на населението за селектирање на отпад.

Здрава и чиста средина значи здрав, квалитетен живот на нашите сограѓани, нагласи кандидатот на СДСМ за градоначалник на Штип Сашко Николов и ги повика своите сограѓани на 13 декември да го искористат своето демократско право на глас и да изберат легитимен градоначалник, со кој Штип останува да биде во сигурни раце.

Next Post

Земјите од ЕУ на здравствена заштита во просек трошат 9,9 проценти од БДП, ние 4,5

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk