ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Северна Македонија претседавач со ОБСЕ во 2023 година

December 4, 2020 18:47
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Кандидатурата на Северна Македонија со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) за претседавач на организацијата беше прифатена со консензус од 56 земји учеснички на министерскиот состанок на ОБСЕ во Тирана, со што и официјално на државава и е доделено претседавањето со организацијата во 2023 година, информира денеска на прес-конференција шефот на дипломатијата Бујар Османи.

Истакна дека претседавањето со ОБСЕ ќе придонесе кон едно ново подобро меѓународно позиционирање на Северна Македонија како конструктивен актер и контрибутор во промоција на заложбите на ОБСЕ, а индиректно ќе се создаде и можност да се манифестира институционалниот капацитет кој се очекува како земја членка на НАТО и идна земја членка на ЕУ.

“Како земја претседавач Северна Македонија би придонела за натамошно промовирање и унапредување на принципите и вредностите на организацијата креирајќи притоа простор за реализација на сопствените меѓународни политички приоритети и можност за етаблирање како активен чинител во сферата на регионалната безбедност и соработка” – изјави Османи.

Според него, тоа пред се значи можност за зголемена поддршка на јавното мислење во ЕУ за процесот на пристапување на Северна Македонија во Европската Унија. Информира дека во наредниот период ќе следи дефинирање на Предлог-програмата, дефинирање на нашите приоритети, детализирање на финансиската конструкција и формирање на поширок тим што ќе биде одговорен за реализација на активностите до, но и за време на нашето претседавање.

“Потребно ќе биде да се формира национален координативен тим од којшто дел ќе биде деташиран во Виена, а дел ќе работи во самото МНР. Досегашните искуства покажуваат дека само во Постојаната мисија во Виена тимот треба да го сочинуваат приближно 30-ина лица од дипломатски специјалистички и административно-технички профил, а ќе треба да се формира и посебен тим во рамките на МНР” – рече Османи.

За време на самото претседавање, додаде, обврска на земјава ќе биде да организира најмалку еден формален министерски состанок со присуство на министрите за надворешни работи на 57-те земји членки на ОБСЕ и придружните делегации, потоа делегациите на раководството, претставници на самите институции на ОБСЕ и делегации на Парламентарното собрание и партнерските земји.

-Претседавањето подразбира и сериозни организациски и финансиски импликации. Сакам уште веднаш да истакнам дека во моите контакти добив директни пораки и впечаток за евидентно расположение на дел од земјите учеснички за поддршка и тоа и во рамките на организацискиот предизвик, но и во рамки на техничкиот предизвик, а можеби и во финансискиот предизвик околу нашето претседавање” – рече Османи.

Министерот додаде дека ова е вистинско признание и за покажаниот напредок што како земја го демонстрираме во изминатите години како во поглед на домашната реформска агенда, внатрешната кохезија особено преку автентичниот модел на мултиетнички односи, но така и на меѓународно ниво во регионални европски, па и светски рамки. МИА

 

Next Post

„Глобал Војсес“ ги осуди нападите со говор на омраза кон Фондација Метаморфозис

Најново

Жерновски: Лажните патриоти во Владата на Мицкоски се веќе во ЕУ, затоа што имаат бугарски пасоши

April 25, 2026
Фото илустрација: СКРМ

СКРМ повикува на протест на 28 април: „Кога гасите уметници – го гасите светлото“

April 25, 2026

Вештачката интелигенција – помеѓу надежта и стравот, а иднината е неизбежна

April 25, 2026

Николоски: Заради блокадата на малкумина прилепски буџувани, државата губи до стотина милиони евра

April 25, 2026

Филипче: Никола Груевски избега ама јас ви кажувам дека овие сега нема да избегаат

April 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk