Проблематиката со решавање на данокот за имот е долговечна во градот Скопје, уште стига решение за плаќање данок до граѓаните кои продавале недвижен имот.
Пофалба за вработените затоа што кажуваат што сè треба да има со себе странката за поднесување на барање.
Проблемот е во тоа што доколку продавате стан, куќа и друга недвижност, нотарот приложува документи за завршената постапка според законот. Но тука не завршува постапката а странката мисли дека сè е завршено. Во право е странката да знае што понатаму, но не е должна да ги знае сите правила, затоа е улогата на нотарот.
Проблемот е дека никој не кажува дека после продавањето на имотот треба да се одјави тој имот и за истиот да не дојде повторно решение во адресата на живеалиштето за плаќање за нешто што веќе е продадено. Да во „Бараката 16″ пак треба да се оди, да се земе бројче, да се чека ред и да се праша службеникот што после ова.
Скопските општини дали имаат ваков линк кој ќе биде побрз за решавање на истите тоа е знак прашалник. Нема потреба да се чека многу за ситни работи, може да се земат пример од поголемите европски градови со многу поголем број на општини и да се стави ред на целокупната работа и да биде задоволен сртанката без тоа 3 – 4 пати да се оди за едно нешто што претходно го приложил нотарот кој за истот е платено.
пишува: Сафит Зеќири