Во интервју за ЦИВИЛ МЕДИА, Орданоски говори на темите национализам, говор на омразата, мултикултура… Орданоски, меѓу другото, порачува дека сите што се занимаваат со јавна работа мораат да бидат одговорни во своите јавни настапи. Неговите ставови и пораки во целост се совпаѓаат со Иницијативата „Обединети во различноста“ на ЦИВИЛ, па оттаму и ова кратко видео го доби своето заслужено место во видео колекцијата со пораки за поддршка на мултикултурата и европските вредности, а во прилог и на борбата против говорот на омразата.
„Сите оние кои што настапуваат во јавната сфера, со свои ставови имаат шанса да обликуваат, како што се политичарите, новинарите, аналитичарите, интелектуалци, воопшто земено коишто со своите текстови, коментари, со своите настапи во дебатни емисии или дури низ своите активности на јавните социјални мрежи имаат силно влијание врз формирањето и креирањето на таа агенда. Нивната одговорност е дотолку поголема што тие не можат да бидат анонимни како што на социјалните мрежи често пати таа анонимност доведува до можност за радикализација, говор на омраза и така натаму бидејќи луѓето што се чувствуваат комотно да кажуваат разни глупости кога не можете да ги поистоветите со нивните вистински идентитети“ – вели Орданоски.
„Нема забранети теми но има забранет начин на кој се дискутираат темите, а тоа пред сѐ се однесува на неаргументирани дискусии, ширење на лаги, ширење на заговори и експлицитно ширење на говор на омраза“ – порачува Орданоски.
ЦИВИЛ ги повикува сите граѓанки и граѓани да ги споделуваат содржините на Иницијативата „Обединети во различноста“ со позитивни пораки, но и самите да креираат текстови, фотографии и видеа со пораки и искуства на оваа тема.
#ОбединетиВоРазличноста
#TëBashkuarNëDallime
#unitedindiversity