ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

Диди добил стоечки овации во затворот по поволните пресуди

July 7, 2025 09:23
in ДЕНЕС, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

Шон „Диди“ Комбс добил долго ракоплескање од другите затвореници кога се вратил во затворот откако доби ослободителни пресуди за обвиненијата за можен доживотен затвор. Според неговиот правен застапник, пак, тоа можеби било „најдоброто нешто што можел да го направи за затворениците црнци“ во САД.

– Сите велеа: „Никогаш нема да видиме некој што победува против Владата“. Му велам (на Диди): „Можеби твоја судбина во животот е да бидеш човекот што победува“. Тие треба да видат дека некој може да победи. Мислам дека тој го сфати тоа сериозно, изјави адвокатот Марк Агнифило за тамошните медиуми, неколку дена откако поротата го ослободи Комбс од обвиненијата за трговија со луѓе и заговор за рекетирање.

Диди (55) останува во Федералниот затвор во њујоршката општина Бруклин по пресудата против него за обвиненијата поврзани со проституција, што би можело да го одведе в затвор уште неколку години. Секоја одредена казна ќе го вклучи времето што тој веќе го отслужил. Досега, тоа се речиси 10 месеци.

Пресудата во Федералниот суд на Менхетен дојде откако тим од осум адвокати на одбраната предводени од Агнифило ја убеди поротата во невиноста на раперот. Во вкрстеното испрашување, во текот на два месеци, говореа 30-на сведоци, вклучувајќи и поранешни вработени на Комбс.

Агнифило го покажа на дело она што рече дека ќе биде негова стратегија на одбраната – снижување на сериозноста на обвиненијата и исмејување на истрагата против нив – минатиот септември, кога „преку случајот против Комбс, Федералната влада дојде и во нашите спални соби“, рече тој. За видеото во коешто Диди ја тепа својата девојка Касандра „Кеси“ Вентура, адвокатите се труделе тоа на ниту еден начин да не изгледа како трговија со дрога.

Адвокатите аргументираа пред поротниците дека Диди бил љубоморен семеен насилник, со проблеми со дрога и со свингерски начин на живот во којшто биле вклучени и неговите девојки… „Но, тоа, едноставно, не е трговија со луѓе“, како што рече неговата адвокатка Тени Герагос.

Tags: Дидизатвор
Next Post

Анимираниот филм „Јон Вардар против Галаксијата“ на фестивал во Монтевидео

Shortcut

Најново

Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години

September 2, 2026
Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

September 1, 2026

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk