Јапонска вселенска капсула со примероци од астероидот Ријугу кои треба да дадат податоци за потеклото на Сончевиот систем и животот на Земјата, успешно слета во оддалечен дел од ненаселена внатрешност на Австралија.
Припадници на јапонската вселенска агенција без тешкотии ја пронајдоа капсулата околу два часа откако влезе во атмосферата на Земјата и слета во австралиска пустина.
Комплетна видео снимка од спуштањето на Хајабуса 2:
Леталото „Хајабуса 2“ го комплетира патувањето долго шест милијарди километри, што вклучи и две кратки застанувања на астероидот кој се движи со голема брзина.
Хајабуса 2 беше лансирана кон крајот на 2014 година и пристигна до Ријугу во јуни 2018 година.
Првпат се спушти на 4,6 милијарди години стариот астероид Рјугу во февруари 2019 година, кога тој бил оддалечен 300 милиони километри од Земјата. Второто спуштање се случило по пет месеци, кога биле собрани материјали од неговата внатрешност.
Ј. Ѓ.