ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Филипче: Нема да има ефект полициски час за време на новогодишните празници

December 8, 2020 12:45
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

инистерот за здравство Венко Филипче смета дека полициски час нема да има ефект за време на новогодишните празници и апелираше да се почитуваат мерките. Најави дека ќе дискутираат за евентуална дополнителна рестрикција во однос на работното време на места каде што може да се собираат луѓе.

-Мислам дека полициски час нема да има ефект за време на новогодишните празници. Зошто? Заради тоа што веќе имаме така добро димензионирани мерки, доколку се почитуваат даваат резултати и тоа впрочем се случува. Ние гледаме намалување на факторот на преносливост, на бројот на болниците во однос на тоа што беше на почетокот и првата половина на ноември. Но, евентуална дополнителна рестрикција во однос на работното време на места каде што може да се собираат луѓе тоа е тоа за што ќе дискутираме, изјави денеска Филипче во емисијата „Магазин“ на ТВ Сител.

Прашан за лекувањето, министерот Филипче посочи дека имало претпоставка оти многу лекови помагаат за оваа болест.

-Многу лекови беше претпоставка дека помагаат за оваа болест. Прво, многу е битно да се знае дека нема еден специфичен лек којшто помага само за овој тип на коронавирус, односно за КОВИД -19 и се што значи лекување е практично комбинација на лекови коишто биле креирани за други болести, на пример за ебола тој лек итн., а коишто се даваат врз основа на клиничката слика, односно манифестацијата на болеста. Осумдесет отсто од пациентите имаат лесна клиничка слика, меѓутоа тие што имаат комплицирана имаат навистина тип на клиничка слика или комбинација на презентација од страна на повеќе органски системи каде што досега не се видело. И во таа смисла јасно е како се одредуваат, кои се постапките како еден лек се утврдува дека е за една болест, клинички студии итн, изјави Филипче.

Министерот за здравство вели дека тешко е да се каже што можеме да очекуваме во периодот којшто е пред нас. Потсети на првичните предвидувања дека ќе трае колку една респираторна епидемија, па дека ќе го снема вирусот за време на летните месеци и додаде оти тоа не се оствари.

Филипче нагласи дека задача и цел на сите здравствени системи, како и на нашиот, е да бидат подготвени да пречекаат голем број на пациенти со Ковид-19 за да може да се хоспитализираат.  – Тоа е целта, да бидеме спремни за тоа што не бевме спремни, сега го спремивме системот, се реорганизиравме целосно да обезбедиме болнички кревети, кадар со соодветна експертиза, да има доволно лекови и ние тоа го правиме, рече Филипче.

Министерот за здравство посочи дека слободни кревети има во секој момент. – Апсолутно за секој пациент на којшто му е потребна хоспитализација има слободно место. Но, точно е дека видовме одреден број на пациенти коишто доцна доаѓаат во болница. Имавме случаи во коишто имале јасни предупредувања и индикација од матичните лекари дека е потребна хоспитализација, едноставно не доаѓаат луѓето на прием во болница. Понатаму, луѓе коишто дури доцна доаѓаат и кај матичниот лекар. Луѓе со сатурација на кислород од 20-30, а нормално треба да е над 96-97 на првиот ден, вели Филипче, додавајќи дека се уште има луѓе кои не веруваат во постоењето на вирусот.

 

Next Post

Османи: Имавме чисто досие за исполнување на критериумите на ЕУ, нема друга алтернатива освен европскиот пат

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk