ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Попладневен преглед: Ставот на Бугарија е ирационален и навредлив, средба Бучковски – Захариева: Подготвени сме за целосна имплементација на Договорот…

December 9, 2020 18:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Обраќање на премиерот Заев до нацијата – Ставот на Бугарија е ирационален и навредлив за Македонците. Ставот на Бугарија е целосно ирационален и навредлив за Македонците и за целиот наш народ. Во 21 век, не е европски, ниту демократски, да му кажете на друг како да се чувствува, како да се самоопределува. Не е европски да му ја пишувате историјата на друг народ. Да му наметнувате идентитет на друг народ и да го убедувате дека треба да го прифати.

ДВ: Ескалација на реториката – Софија го обвинува Скопје за „наследен тоталитарен наратив“. Официјална Софија ја оценува како „манипулативна“ тезата дека Бугарија го оспорува правото на самоопределување и идентитетот на граѓаните на Република Северна Македонија. Понатаму во соопштението се наведува дека, сепак, Бугарија не прифаќа афирмацијата на идентитетот на македонските граѓани да биде на штета на нејзините национални интереси.

Бучковски: Подготвени сме за целосна имплементација на Договорот за добрососедство. Ако инструмент за тоа е патоказот, верувам дека ќе може да биде алтака со која ќе се мерат постигнувањната, истакна Бучковски на заедничката прес-конференција со Захариева.

Захариева: Подготвени сме да најдеме решение и да бидеме вистински членки на ЕУ. Погрешно е ова да се нарекува вето, бидејќи станува збор за неодобрување на преговарачката рамка. Ние сме во деликатна фаза од нашите односи, изјави Захариева на заедничката прес-конференција со Бучковски по нивната средба.

Шидер со критика за бугарската блокада на Северна Македонија за ЕУ. Меркел очигледно го загуби своето влијание врз Бојко (Борисов), констатираше Шидер и истакна дека е очигледно дека Бугарија, како и Полска и Унгарија се обидува со блокади да добие поени на внатрешно-политичката сцена.

Пицула: Со блокадата на преговорите за членство се праќа лоша порака до сите земји од Западен Балкан. Тој, сепак, верува дека сегашната состојба не е одржлива на долг рок.
Ирена Јовева: Тоа што и го прави Бугарија на Северна Македонија е срамно и навистина не е фер. Јас сум жив доказ дека постојат двата народа, двата идентитета и двата јазика… Еднаш еден колега од Бугарија, ми кажа: „ама Ирена, ти не си од два народа, ти си од един народ.  Јас му одговорив: Јас не сум од еден, јас сум од два народа. И да знаете дека никогаш нема да преможам на такви нешта и секогаш ќе кажам што мислам. Никогаш!
Заев: Мораме да ја сузбиеме корупцијата, секој од нас, со свој придонес. Граѓаните, се чувствителни особено на злоупотреби од страна на носителите на јавни функции и токму затоа оваа Влада, како претставник на овие интереси на граѓаните, во својот состав има заменик-претседател, меѓу другото задолжен и за борба против корупцијата и криминалот, рече Заев.
Јетон Шаќири: Ќе се раскинат договорите со вработените по Рамковен ако одбијат две опции. Посакува на трансфер листата да има што помалку вработени и процесот да заврши во првата фаза и најавува дека со новите законски решенија ќе се  објасни временскиот рок, односно колку  време  максимум  овие лица ќе можат да бидат на листата.

Северна Македонија втора по Индексот за интегритет во одбраната.

(ВИДЕО) Еден ден со Сашко Николов.

Црвен картон за расизмот и национализмот! Синоќа, во срцето на Европа, во Париз, фудбалерите на Истанбул Башакшехир го прекинаа натпреварот против ПСЖ и го напуштија теренот во знак на протест поради расистички испад на четвртиот судија Себастијан Колтеску, кој на првиот судија Овидиу Хатеган му рекол „исклучи го црниот“, мислејќи на помошниот тренер Пјер Вебо.

Николовски: Владата отвори фронт во битката против корупцијата.
И.Т.З.
Next Post

Десетина вистински пораки за Денот на борбата против корупцијата - герила акција

НАЈНОВО

Најголемите кражби на уметнички дела и накит во историјата

October 25, 2025

САД воведоа санкции врз колумбискиот претседател Густаво Петро и членовите на неговото семејство

October 25, 2025
Трамп и Путин во Будимпешта

Рускиот специјален претставник на Кремљ, изјави дека Русија и САД се блиску до „дипломатско решение“ за војната во Украина

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 25 и 26 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk