ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Северна Македонија втора по Индексот за интегритет во одбраната

December 9, 2020 14:53
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Република Северна Македонија е втора, веднаш после Латвија, според резултатите од меѓународното истражување на Транспаренси Интернешанал – Индексот за интегритет во одбраната (Government defence integrity index 2020), кое се спроведува првпат, соопштија на денешната прес-конференција министерката за одбрана Радмила Шекеринска и претседателката на Транспаренси Интернешaнaл – Македонија, Слаѓана Тасева, изразувајќи задоволство од прикажаните резултати.

Во истражувањето кое започнало 2018 година, учествувале истражувачи од програмата во Велика Британија, поддржани од истражувачи од други држави во склоп на Транспаренси Интернешенел. Северна Македонија односно МО првпат е опфатено со ова истражување, бидееќи првпат се анализира овој сектор.

Рангирањето врз основа на сеопфатните анализи по сите индикатори односно листата од земјите учеснички во Централна и Источна Европа, истакна Тасева, покажува дека нашата држава е со втор резултат веднаш по Латвија, а понатаму се Грузија, Литванија, Полска, Естонија, Босна и Херцеговина, Ерменија, Косово, Србија, Украина, Унгарија, Албанија, Црна Гора и Азербејџан.

Тасева потенцира дека овој Индекс обезбедува детална оценка на ризиците од корупција во институциите на националната одбрана со оценување на секоја држава во пет клучни области: финансиска, оперативна, персонал, политичка, и јавни набавки.

Република Северна Македонија е оценета со просечна оценка 62 (оцена C) – умерен ризик заедно со Босна и Херцеговина, Естонија, Грузија, Литванија, и Полска.

Оценувањето по главните области на ризик за корупција за РСМ е: политички ризик – C 66 бода, финансиски ризик – C 59 бода, ризик на персонал – B 79 бода, ризик од работење – D 38 бода и ризик на набавка – B 68 бода.

Претседателката на Транспаренси Интернешaнaл – Македонија, Тасева и честита на Шекеринска за тоа, како што рече, како се обезбедени сите и регулаторни, нормативни услови и институционални, за да може ова детално истражување да покаже ваков степен на усогласеност на системот на интегритет во одбраната на Северна Македонија со основните индикатори за проценка на интегритетот на овој сектор во светот.

Министерката Шекеринска изрази задоволство што, како што рече, во нашето прво тестирање успеавме да се искачиме на високо второ место на листата земји од Централна и Источна Европа, кои учествувале во истражувањето, што покажува дека е направен силен пробив и во транспарентноста и во интегритетот во работењето, како и да обезбедиме еворпски вредности и стандарди дома.

Денешниот извештај, истакна Шекеринска, ќе ни помогне да бидеме и подобри, да ги видиме точно областите каде може да се подобриме и дел од областите каде можеме да бидеме поефикасни. Како резултат на ова истражување, најави таа, до март 2021 година ќе се заврши со новиот  план за интегритет, што се работи со поддршка на Кралството Норвешка.

Транспарентноста стана една од нашите клични политики, рече, бидејќи цврсто веруваме во правото на граѓаните да знаат за што се трошат парите, под какви услови и процедури и правила.

Таа се осврна на тоа дека една од првите задачи што ги имала како минситерка, била да се смени праксата и впечатокот за најзатворено министерство и потсети дека во 2015 година кога е направено последното рангирање на транспарентност на домашните институции МО беше рангирано на 55 место. Норвешкиот центар за интегритет во областа на одбрана, потсети, во тој период го оцени МО како едно од најзатворените.

– Во 2020 година избивме на прво место по активна транспарентност во работењето во рамки на нашата држава, пред сите останати локални и централни институции, во врвот бевме и според мерењата на ниво на транспарентност, отчетност и интегритет во јавните набавки, изјави Шекеринска.

Според неа, безбедноста не се намалува со транспарентност.

– Напротив дека одржлива безбедност и стабилност на секоја држава, особено држава како нашата, регион како нашиот, може да се гарантира, исклучиво со транспаретност на институциите кои се платени да ја гарантираат, рече министерката за одбрана.

Шекеринска најави дека во МО ќе продолжат да се борат и против лажните вести и оти се размислува Центарот за односи со јавност во МО да се развива и да се специјализира за борба со лажните вести. /МИА/

Next Post

Ирена Јовева: Тоа што и го прави Бугарија на Северна Македонија е срамно и навистина не е фер

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk