пишува: Павле Богоевски
Лажна вест! Овој Закон вчера НЕ Е УСВОЕН ОД СОБРАНИЕТО. Вчера Собранието одлучи да расправа по предлог Законот за измени и дополнувања на Законот за државјанство во скратена постапка.
Предлогот да се расправа по скратена постапка го поднесуваат пратениците кои го поднесуваат и самиот предлог Закон. Тоа значи дека наместо три, ќе има две читања на текстот и дека комисиските расправи може, но не мора да се одржат во истиот ден. Вчера немаше комисиска расправа по овој текст.
Тоа не значи дека законот е усвоен, ниту дека ќе биде усвоен. Ниту пак дека доколку биде биде усвоен, ќе биде усвоен во формата во која е поднесен.
п.с. Не мора да укажувам на очигледно националистичката поента на објавата. Ниту на повторното елементарно незнаење на профата со 10,00.