ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Биро за развој на образованието: Учениците ќе учат историја, но на начин прилагоден за нивната возраст

December 16, 2020 17:06
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Нема да дозволиме нашите ученици да не се стекнат со знаења од историја, географија или содржини од друга научна дисциплина, но тоа ќе биде на начин што ќе биде прилагоден на нивната возраст, начин кој ги руши строгите граници меѓу дисциплините и начин кој го претставува светот, процесите и појавите во неговата поврзаност и единство. Ова е ставот на надлежните во Бирото за развој на образованието (БРО), по најавите за новата концепција на основното образование, а посебно по најавите за спојување на неколку предмети во еден, објави МЕТА.

Оттаму информираат дека промените кои се планираат во однос на наставните предмети, ќе започнат од идната година и ќе се воведат во прво и во шесто одделение.

– Во работната група за концепцијата за основно образование учествуваат универзитетски професори, наставници, претставници од Бирото. За наставниот предмет Општествени науки, учествуваат и експерти/универзитетски професори по историја, антропологија, географија, како и наставници од меѓународни училишта кои го пренесуваат своето искуство во реализацијата на наставниот предмет Општествени науки во различни земји. Во овој момент, пред јавната расправа зборуваме и презентираме концепт, а не конкретни наставни програми во кои ќе бидат поставени очекуваните резултати од учењето, а врз основа на нив и содржините што учениците треба да ги совладаат од одделните научни дисциплини (историја, географија, граѓанско образование) – информираат во Бирото.

Оттаму потенцираат дека при изработката на наставните програми ќе бидат вклучени универзитетски професори и наставници од соодветните области.

– Во наставните планови на речиси сите земји во Европа, Америка, Австралија може да се види дека се изучува наставен предмет „social studies” или „humanities” во основното образование во кој се интегрираат различни дисциплини, во зависност од конкретниот образовен систем и целите што треба да се постигнат – додаваат во БРО.

Овие промени се прават, како што објаснуваат оттаму, заради фактот дека нашите ученици се ниско рангирани на меѓународни натпревари и студии.

– Согласно истражувањата кои ги правиме, како и потврдата што ја добиваме од меѓународните студии, постигањата, знаењата на нашите ученици се меѓу најниските на листата на учесници во тие студии, па токму затоа е особено важно да се промовира учењето преку истражување кое е можно единствено преку интеграција и интердисциплинарно изучување. Тоа е начинот да го подобриме образованието и негуваме креативни и иновативни ученици – децидни се во БРО.

Реформите ќе започнат следната година со учениците од прво и шесто одделение. Ќе бидат подготвени нови учебници, наставни материјали, прирачници за сите предвидени новини и дека ќе следи интензивна работа со наставниците кои ќе изведуваат настава.

– Во секое училиште имаме подготвени наставници по историја, географија, филозофија кои ќе можат да ја изведуваат наставата, заеднички да ги планираат активностите, а начинот на организација на наставата ќе биде допрецизиран со наставните програми – додаваат во Бирото.

Извор: МЕТА

Next Post

Утре почнува ски-сезоната на Попова Шапка

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk