ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

За историјата, етнологијата, географијата, политичките науки и секогаш штетното статус-кво

December 16, 2020 21:24
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Васко Лазаревски

Ние ја знаеме како Карпошово востание, Европа ја знае како Големата војна со Турција, или Војна на Светата Лига.Освен суровата одмазда над населението и врз самиот Карпош, оваа војна која започнала со турската опсада на Каменец (сегашна западна Украина), тогашниот комонвелт на Полска и Литванија.

Војната, или војните, траеле до јануари 1699 година и се проценува дека погинале околу 384 000 илјади војници и цивили, а исто така го означува и почетокот на падот на влијанието на Отоманската империја во Европа.

Географски податоци:

Русија го зазема пристаништето Азов, на Азовско море, кое потоа продолжува во Црно Море. Тука и реката Дон се влева во морето со тоа овозможувајќи на пределите на западна Русија излез на море.

Венеција ја зазема Далмација (сега дел Хрватска) и Мореа (Пелопонез) сега дел од Грција и остварува контрола врз Јадранското и Јонското море, како и трговските рути запад – исток во Средоземното море.

Хабсбуршката монархија освојува земји во Унгарија, Трансливанија и западен Балкан.

Етнички промени:

Продорот на австриските војски во сегашно Косово и Македонија предизвикува тектонски поместувања. Српското население на Косово, под лидерство на владиката Црнојевиќ се приклучува кон австриската војска, а во исто време и Карпош го крева востанието во североисточните делови на сегашна Северна Македонија. Карпош, дури е прогласен и за крал од Куманово. Логистичките проблеми со снабдувањето на војските со опрема и намирници кои ги имал австрискиот командант, родум од Италија, Пиколомини, како и колерата која била раширена во Скопје и околината, го натерла Пиколомини да се повлече назад и да ги напушти освоените предели. Тоа пак, како последица ја носи Првата голема преселба на Србите. Околу 37 000 семејства го напуштаат Косово и со договор со автрискиот монарх Леополд Први се преселуваат на север, во денешна Унгарија, каде имаат озаконет статус, условен со нивно учество во австриската војска.

Карпош, легендарниот ајдутин, роден во село Војник, кумановско, делувал и на планианата Доспат (Деспот) која е дел од Родпоскиот планински венец, кој се протега во западна Бугарија и со еден дел во Грција. Пред да се одметне, работел како печалбар во Влашко, а и како рудар во Кратово. По првичните воени успеси извојувани во содејство со австриските војски (чиј дел биле и Срби и Албанци од Косово), ја губи борбата со Османлиите, кои го заробуваат и по наредба на кримскиот (Крим е полуостров меѓу Црно и Азовско Море) татарски Кан Селим Гирај, покрај Камени Мост во Скопје е набиен на кол. Има легенди кои велат дека неговото тело е исечено на парчиња и фрлено во реката Вардар.

Реката Вардар е најголема река во Македонија и е дел од Егејскиот слив. Се влева во Егејско Море преку Делтата на Вардар, во близината на Солун.

Колку научни дисциплини користев во овој статус? Колку се потребни за да се добие употребливо знаење за светот кој го живееме? Колку сме заробени во статус-кво состојби кои не спречуваат да напредуваме? Колку е погрешно академијата да е бранител и заговарач на статус-кво во науката и педагогијата?

Реторички се последниве прашања, може да ги гледате само како стилски фигури. Ама, тоа е друга наука, поврзана во овој систем на спознавање на светот и како и сите други науки не е самодоволна и незваисна од нив, туку дел од систем кој само како систем функционира.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Обвинителството во завршен збор за убиството на Вања и Панче: Овие злосторства заслужуваат правна, но и длабока морална осуда

June 9, 2025

Лишен од слобода бизнисменот Крмзов

June 9, 2025
34 години Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ„ Фото: Фејсбук Христијан Мицкоски

СДСМ: Незаконска употреба на пиротехника на журката на УМС на ВМРО-ДПМНЕ

June 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • И Вучиќ и опозицијата прогласија победа на локалните избори во Косјериќ и Заечар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е време за навивање – време е за будност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Златната пена на секојдневието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Од последни, до први во Европа по странски инвестиции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците ќе ја задржат шминката како посмртна маска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk