Мицкоски предлага да се соберат сите политички лидери и зад затворени врати да ги договорат сите клучни прашања за опстанок на македонскиот народ и држава.
Од лидерски средби зад затворени врати патиме како држава веќе триесет години. Замислете колку ќе ни беше поинакво општеството доколку клучните прашања се решаваа транспарентно, јавно, и на местото каде што треба да се решат – во Собранието.
Преку глава ни веќе од зелени маси и заклучени врати. Преку глава ни е од грст луѓе кои тајно одлучуваат за иднината на сите нас, водејќи се само од свои, лични и криминални интереси.
ФБ статус на Павле Богоевски