ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Кога условите стануваат уцена – членките на ЕУ не смеат да ја пишуваат историјата на кандидатите

December 18, 2020 11:15
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

На опасноста од бугарскиот пристап кон интегрирањето на Северна Македонија во ЕУ, за самата земја, но и за регионот и за цела Европа, во смисла на поткопување на темелните европски вредности и преседан со кој на политичарите им се дава право да диктираат историски наративи укажува група балкански интелектуалци во нивната реакција во однос на последните случувања на релација Скопје-Софија, но и во самата Европска унија, каде има несогласување со бугарското инстистирање на вметнување на историјата во процесот на проширување.

Оваа реакција е потпишана од Лејла Гачаница Легал, независен истражувач од БИХ, Изабела Кисиќ, директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права во Белград, Дарко Лајтнер Стојанов, поранешен член на македонскиот тим на Македонско-бугарската комисија, Клејд Келичи, професор по компаративни политики од Универзитетот во Тирана, Др. Фисник Кореница Јурист, од Групата за правни и политички студии од Приштина, Далиборка Уљаревиќ, извршна директорка на Центарот за граѓанска едукација во Подгорица. Тие се дел од неформалната група поддржана од Фондацијата Хајнрих Бол – Сараево, која има цел да промовира владеење на правото, демократијата и европските вредности во регионот.

Во реакцијата освен што укажуваат на опасноста од тоа да им се дозволи на политичарите да учествуваат во креирање на историски наративи во 21. век, тие даваат и препораки до Северна Македонија и Бугарија, до Мешовитата комисија, но и до членки на ЕУ како да пристапат кон оваа ситуација, со цел да не се дозволи злоупотреба на моќ во иднина кон некоја друга кандидатка од страна на земја-членка на Унијата.

Во продолжение е целата реакција на групата балкански интелектуалци:

Невозможно е да се разберат темелите на модерна Европа како мировен проект, ако не се земе предвид историското искуство на европските граѓани (колонијализмот, светските војни, антисемитизмот, национализмот, тоталитарните режими) и конфликтните наративи поврзани со него. По Втората светска војна голем број европски земји многу инвестираа за креирање на одржлив мир. Голем број организации и институции се уште работат заедно за остварување на оваа доблесна цел, еден од неодамнешните позитивни примери е основањето на Опсерваторијата за историските учења. Обединувањето на Европа и процесот на помирување беа незамисливи без справување со комплексното воено минато. Денеска Европа е Унија на различни нации, јазици, култури, религии и ги вреднува различните историски искуства, како и различните историски песпективи на нашето заплеткано минато. Она што Европа ја прави силна и уникатна е богатството на различни култури и јазици, сите со заедничка иднина. Како и да е во моментов сме сведоци на политички напори да се искористи историјата како алатка за негирање на човековите права и достоинство во регионот на Југоисточна Европа и низ Европа исто така. Манипулацијата со историјата и наметнување на „историски вистински“ од страна на политички сили повторно стана тренд во Европа, со што се ставаат во опасност основните принципи и вредности на Европската Унија. Војната во Југославија е илустративен пример за деструктивните сили на национализмот и конфликтните етничко-националистички наративи. Историскиот ревизионизам во ’80-те беше еден од круцијалните елементи на воениот пропагандистичкиот план. Во таа смисла манипулацијата со историјата за политички цели или кога се негираат воените злосторства, се релативизираат, оправдуваат и се величаат, ја отвора можноста за зголемување на тензиите и за појава на повеќе радикални случаи, но и за опасноста од повторување на минатите автократии.

Неодамнешните случувања во Југоисточна Европа му наштетуваат на имиџот на ЕУ и на нејзините перспективи во регионот. Долгото траење на спорот за историјата на регионот Македонија, идентитетот на етничките Македонци и прашањето за македонското малцинство во Бугарија претставува закана за ЕУ интеграцијата на Северна Македонија, но исто така и на сите шест земји во регионот на Западен Балкан. Бугарската Влада, поддржана од ектремно десничарски партии ја блокира Северна Македонија на патот кон ЕУ, барајќи од Владата во Скопје да ја прифати „историската вистина“ дека македонскиот идентитет има „етнички бугарски корени“, кои се фалсификувани со одлука на Тито и Коминтерната кои имаат антибугарски основи и дека македонскиот јазик е едноставно литературна норма на бугарскиот јазик и може да се именува само како „официјален јазик на Северна Македонија“ во ЕУ, но не и како македонски јазик. Оваа политика на негирање на јазикот, идентитетот и човековите права претставува закана за европските вредности, човечкото достоинство и дури и за регионалната стабилност. Затоа не смее да биде дозволена во 21 век во Европа. ЕУ мора да развие механизам за превенција на злоупотребата на позицијата на сила од страна на нејзините земји-членки и нарушувањето на процесот на проширување со апсурдни барања од ЕУ кандидатите. Повеќе поранешни политичари и лидери на европските земји, како и интелектуалци од регионот и Европа веќе одговорија и упатија критика кон бугарската позиција и опасноста што таа ја претставува во однос на интеграцијата на регионот во ЕУ и за самата Европа. Различните европски перспективи не треба да бидат дел од ЕУ процесот за проширување и треба да се решат само преку следење на позитивни примери во неодамнешната европска историја. Препораките од УНЕСКО и резолуциите на Европскиот совет за изучувањето на историјата и позитивното искуство од бројните заеднички историски комисии меѓу европските земји треба да преставува базичен принцип за решавање на спорови кои изникнуваат од различната перцепција на минатото.

Ниту една нација во Европа или во светот не смее да и наметнува или да бара од друга нација да прифаќа поинакви историски наративи со помош на политички одлуки. Историјата е научна, а не политичка дисциплина и во никој случај не смее да биде предмет на преговори од страна на политичарите. На крајот политиката треба да биде во функција на олеснување на односите меѓу нациите и земјите, не предизвикувајќи проблеми меѓу нив. А добар пример за тоа како недоамнешната политика одигра позитивна улога во ова е решението за долгиот македонско-грчки спор, во име на општото добро.

Патот напред

Неопходно е историчарите и интелектуалците кои се справуваат со прашањето на историјата и опшеството во Северна Македонија и Бугарија, но исто така и од земјите во регионот и Европа да се однесуваат одговорно. Политичарите треба да престанат да се потпираат на интелектуалци, кои ги злоупотребуваат историските наративи со цел да иницираат национализам и етничка омраза. Од сите фактори во процесот, бараме да реагираат на злоупотребата на историјата за политички цели и да застанат во одбрана на темелните принципи на ЕУ, како што се разноликоста и демократијата.

Оттука земјите членки на ЕУ и Европската Комисија треба:

Официјално да го отфрлат и осудат ревизионистичкиот пристап на бугарската Влада и да поддржат дискусија на експерти за минатото, кои се ослободени од идеологии, политика и други притисоци.

Да го одблокираат процесот за почеток на преговори со Северна Македонија.

Да бидат конзистентни во претставувањето на темелните принципи и вредности на ЕУ и да го осудат секој обид за негирање на основното човеково право на самоопределување.

Да ја превенираат и спречуваат злоупотребата на сила во процесот на интеграција на шесте земји од Западен Балкан од други земји-членки.

Дополнително, политичките лидери на Бугарија и Северна Македонија треба:

Да го почитуваат и имплементираат Договорот за добрососедство во взаемна почит и признавање.

Да креираат позитивни и поволни услови за експертите да дискутираат за минатото, ослободени од идеологии, политички или други притисоци.

Да побараат помош од УНЕСКО, Советот на Европа или други релевантни организации во работата на Билатералната милтидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања.

Особено бугарската Влада, треба веднаш да ја отфрли својата политика на негирање на нечиј идентитет.

На крај, Мултидисциплинарната експертска комисија за историски и образовни прашања на двете страни треба:

Да биде објективна и критична во однос на нивните национални историски наративи како единствен начин да се надминат споровите во однос на минатото и да се промовира дијалог базиран на аргументи.

Да имаат предвид дека единствен начин на помирување е преку искрен и долгорочен процес во справување со комплексното минато.

/МИА/
Next Post

Догодина социјални станови за 16 семејства во Демир Капија, вкупно се градат 579

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk