ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пендаровски: Бугарските барања излегуваат надвор од параметрите на договорот од 2017 годинa

December 19, 2020 07:28
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Сите мислевме дека со тие забелешки на преговарачката рамка ќе можеме да ги почнеме преговорите, но тоа не се случи. Очигледно Бугарија ја научи лекцијата од Грција од пред десетина години, дека ако не блокира сега, нема кога, изјави вечерва претседателот на државата Стево Пендаровски во гостувањето на телевизија Канал 5.

Не би сакал, нагласи Пендаровски, да станеме неславни рекордери во чекалната, меѓутоа најтешката работа е првото вето, односно да ги убедиш другите дека нема да дадеш согласност, потоа според аналитичарите е полесно да го одржуваш.

Минатата година, посочи Пендаровски, реков дека бугарската страна полека почна да ја политизира работата во Комисијата и почнаа да наметнуваат рокови до кога треба да се заврши нешто, што почна да станува симптоматично.

– Да појаснам, што бара Бугарија. Значи, првата реченица би била современиот македонски јазик е кодификуван 1945 година. Второ, тие велат овој јазик не го признаваме како таков. За нас бил и ќе биде официјален јазик на Република Северна Македонија. Точка три, бараме и ЕУ во сите свои документи од кога државата станува кандидат и преговара, па и кога ќе стане полноправна членка, се што е документ меѓу ЕУ и Република Северна Македонија да не постои формулација македонски јазик. И бараат да се произнесе, прво да се утврди во историската комисија, па подоцна да се стави во нашите учебници дека до 1945 македонскиот јазик бил западен дијалект на бугарскиот јазик. Тоа е, во однос на народите идентична е формулацијата, изјави Пендаровски.

Според Пендаровски, претходно немало никаква најава од Бугарија дека ќе излезе надвор од Договорот од 2017 година, во кој формулацијата за јазикот е препишана од Декларцијата 1999 година меѓу Костов и Љупчо Георгиевски.

– Реакциите до пред некој месец, ниту еден висок бугарски политичар не велеше „или ќе напишете вака за јазикот, или нема напред према Европа“. Борисов тој договор го сметаше за свој голем политички успех. Тој во ниту еден момент не рече, ова е привремено решение, а кога ќе треба стварно да влегувате ќе видиме што ќе правиме. Дополнително таа работа се усложни со тоа што тие имаат избори во март. Овие ставови и на власта и на опозицијата во Бугарија немаат контакт со Договорот што го потпишавме во 2017 година. Таму се заоструваше реториката и ова што е сега не е. Бугарските барања последните месеци излегуваат надвор од параметрите од билатералниот договор. Неспорно е тоа, рече Пендаровски.

Нагласи, дека 2017, 18 и 19 нема ниту најава дека Бугарија ќе оди во оваа насока и ќе го напуша договореното.

Обелодени дека било предложено во Комисијата како експерти да бидат вклучени германски стручњаци кои би помогнале како трета страна, но оти тоа било одбиено од страна на Бугарија.

– Јас тврдам дека овој формат во кој само бугарски и само македонски историчари седат нема да продуцираат добри резултати. Се додека не се приклучи барем трета страна која ќе има статус на консултант, нема да има напредок. Ние имаме и дадено предлог за да се вклучат двајца експерти од Германија, но тоа беше офрлено од Бугарија, изјави Пендаровски.

Ние имаме договор и додека не договориме формулации во него што ќе правиме, рече Пендаровски, не треба да има менување ниту на учебници, ниту на споменици.

– Прво ние можеме нешто да вметнеме во нашите читанки откако историските комисии ќе постигнат договор. Пред тоа да се парафира од двете страни, ние не можеме тоа да го правиме и да менуваме плочи, нагласи Пендаровски.

Истакна дека од наша страна ќе продолжи имплементацијата на Договорот.

– Да нема илузии во јавноста. Нема друг начин да влезе во ЕУ ако не го реализираме Договорот со Бугарија и тоа е нашата намера да го правиме. Да продолжиме во сите делови, нагласи Пендаровски.

Во однос на Чешка и Словачка кои не се согласија со заклучоците за проширувањето, Пендаровски рече дека се слушнал со двајцата амбасадори и изразил огромна благодарност.

– Чешка и Словачка рекоа што рекоа и го блокираа целиот заклучок. Почетниот предлог беше на Германија, сето тоа се случува внатре во ЕУ, ние не сме играчи таму. Германскиот предлог оди, нас не не прашуваат дали не прашиваат. Да појаснам, зошто Словачка става вето на ова. Пред неколку дена во бугарското Собрание се изгласа декларација со која Свети Кирил и Методиј се прогласуваат пред се за бугарски просветители, па дури потоа евентуално за сесловенски. Во преамбулата на словачкиот Устав тие кажуваат како е направена таа држава и врз кои цивилизациски вредности предпочива и тие одеднаш со став на ЕУ во целина, не можеш мене, да ми кажуваш како мојата држава сме ја направиле. Тоа не е твоја работа. Имаа принципиелен став. Вчера разговарав со двајцата амабсадори и им изразив огромна благодарност, но тоа е пред се и над се одбрана на нивните национални интереси, рече Пендаровски.

Во однос на Русија и зошто не реагираат, Пендаровски рече дека тоа е бидејќи не се членки, но дека секогаш јасно посочуваат дека станува збор за македонски народ, македонски јазик и нема спор во тој дел.

– Ако ги следите соопштенијата на руската Амбасада, кои доаѓаат по инструкција од Москва, тие во однос на некои битни одредници за македонската нација, вклучително и јазикот тие имаат јасни ставови. Кога беше 8-ми Септември и подоцна, секогаш се произнесуваат по однос на тие битни маркери на македонскиот идентитет долж оваа линија, која е општо прифатена и историски потврдена, изајви Пендаровски.

Во една формулација, посочи Пендаровски, имаше чиста формуалција за 1941-45 што се случувало и кој против кого се борел и дека овде не станувало збор за администрација, туку за окупација.

Next Post

Ајрулаи: Македонските ученици ќе може да го изучуваат албанскиот јазик како изборен предмет

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk