Министерот за надворешни работи Бујар Османи минитурнејата на поширокиот регион ќе ја заврши утре со работна посета на Австрија.
Во претходните денови, Османи беше во посета земјите членки на ЕУ од поширокото соседството на Западниот Балкан, Чешката Република, Романија и Унгарија.
Како што соопшти МНР, во рамките на посетата на Виена, Османи ќе има средба со својот домаќин, министерот за Европа и за надворешни работи Александер Шаленберг и со министерката за Европска Унија и за Устав Австрија, Каролине Едштадлер.
Во фокусот на средбите, како што велат од МНР, се очекува да се најде европската интеграција на С. Македонија, а ќе биде посочено и претседавањето на нашата земја со ОБСЕ во текот на 2023 година







