Културното наследство се пренесува со грижа. Наша должност е на најмладите да им ја пренесеме љубовта кон јазикот и културното наследство, напиша премиерот Зоран Заев на социјалните мрежи.
„Македонското наследство е иднината која им ја даваме на младите и треба достојно да го чуваме и обновуваме. Со љубов од Небрегово, Љубојно, Битола, Ресен, Трескавец и Пустец“, напиша Заев.







