ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Попладневен преглед: Реформи се неопходни веднаш, ниту еден наставник нема да остане без работа, веќе се набавени вакцини за 400.000 граѓани, ВМРО-ДПМНЕ лаже …

December 23, 2020 17:59
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Регистрирани 627 нови случаи на ковид 19, оздравени се 644 пациенти – починати се 14 лица. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 79.815, бројката на оздравени пациенти е 56.743, на починати е 2.354, а бројот на активни случаи изнесува 20.718.

Царовска: Ниту еден наставник нема да го изгуби своето работно место, реформите ни се неопходни веднаш. Таа нагласи дека сите меѓународни и домашни истражувања потврдуваат дека на децата во нашата држава не им се овозможува да се стекнат со компетенции потребни да го развијат својот полн образовен потенцијал и личен развој.

Виолета Бешка: Се предвидува да има осум задолжителни предмети, можност за избор и на албански јазик, наместо друг втор јазик за изучување. Професорката нагласи дека во наставниот план задолжителните предмети од оваа група се застапени во сите одделенија, некогаш со повеќе а некогаш со помал фонд на часови во зависност од возрасрта и одделението што го посетува ученикот.

Сите ќе бидат вклучени во новата концепција за основно образование, најави Царовска. По денешната презентација на оваа концепција, најави дека почнува јавна дебата, а документот ќе биде јавно достапен и сите релевантни ќе можат да дадат коментар.

Зголемен инспекциски надзор за време на новогодишните празници. Грашковска апелираше граѓаните да ги почитуваат рестриктивните мерки.

Заев со децата од театарската група „Ветерница“: Домашниот бренд „Европа“ е нашата Европа дома. Врз основа на европски стандарди воспоставени овде дома, во образованието, науката, социјалата. Само така ќе имаме вистински млади луѓе кои подоцна ќе бидат вредни работници, кои ќе донесат просперитет и благосостојба за себе и за другите.

Порака со говор на омраза покриена со „Ти си срце“. И вие можете да пријавите пораки на омраза испишани на јавен простор. Фотографирајте, наведете ja точната локација и пратете ни порака на оваа ФБ страна или на helkom@mhc.org.mk“, стои во текстот од иницијативата.

Вакцините за КОВИД-19 се очекуваат во првите месеци од 2021 година. Веќе се обезбедени 833.000 вакцини за популација од околу 400.000 граѓани за вакцина и ревакцинација во рамки на КОВАКС механизмот. Согласно планот за дистрибуција, вакцините се очекуваат во првите месеци од 2021. Покрај овој механизам, започнавме преговори и за директна набавка од компаниите, кои ги произведуваат вакцините.

Заев: Како општество мораме да создаваме механизми на заштита од пандемијата на лажни вести. За жал, сериозен дел од амбиентот на фалично информирање се политичките изјави од најголемата опозициска партија кои сѐ почесто се демантирани од држави и влади од ЕУ и од демократскиот свет, вели Заев.

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ лаже дека ќе нема вакцини против ковид-19, работи на штета на јавното здравје. ВМРО-ДПМНЕ партијата чии ставови се демантирани од странски амбасади, која во меѓународни студии е посочени како извор на лажни вести вести и дезинформации упорно, без срам шири нови лаги, измислува нови конструкции.

Спасовски: Груевски ќе се врати и ќе ја одлежи казната. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во вчерашното гостување на емисијата „Студио 10“ на Телевизија 24 на критиките за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски порача дека тој ќе се врати и ќе ја одлежи затворската казна.

Проф. Јовановски: Захариева го декларира Тито како диктатор, а тој и Сталин ја спасија Бугарија.  Тито и Сталин ја спасија Бугарија при Париската мировна конференција 1946/47, измешани се многу работи, тоа се факти, некој што не ја знае добро историјата настојувајќи да ја испровоцира другата страна, самиот влегува во замката. Бугарските историчари го знаат ова, го пишуваат“ – вели проф. Далибор Јовановски.

Вистиномер: Во С.Македонија нема учебник во кој пишува дека постојат само три раси: Македониди, Монголоиди и Негриди – како што тврдеше Џамбаски. Со дополнително истражување тимот на „Вистиномер“ утврди дека книгата која бугарскиот европратеник Џамбаски ја квалификува како учебник, всушност, претставува приватна публикација, односно книга на авторите Ристо Поповски и Ангелина Маркус, насловена како ,,Филип втори Македонецот”.

Општина Штип и официјално доби нов градоначалник. На настанот д-р Сашко Николов изјави дека овој ден за него е специјален ден на кој уште еднаш се обврзува на чесна и транспарентна работа во интерес на сите граѓани.

Британски научници: Децата веројатно поподложни на новата варијанта на коронавирусот отколку на досегашната. Епидемиологот Нил Фергусон, професор на Кралскиот колеџ во Лондон и член на НЕРВТАГ, тврди дека постои навестување дека децата се подложни на инфекција со новата, мутирана форма на коронавирус. Оваа хипотеза, сепак, сè уште не е докажана.

 И.Т.З.
Next Post

Вирусот од Велика Британија можеби стигнал во Хонг Конг, соопштија локалните власти

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk