Регистрирани 627 нови случаи на ковид 19, оздравени се 644 пациенти – починати се 14 лица. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 79.815, бројката на оздравени пациенти е 56.743, на починати е 2.354, а бројот на активни случаи изнесува 20.718.
Царовска: Ниту еден наставник нема да го изгуби своето работно место, реформите ни се неопходни веднаш. Таа нагласи дека сите меѓународни и домашни истражувања потврдуваат дека на децата во нашата држава не им се овозможува да се стекнат со компетенции потребни да го развијат својот полн образовен потенцијал и личен развој.
Виолета Бешка: Се предвидува да има осум задолжителни предмети, можност за избор и на албански јазик, наместо друг втор јазик за изучување. Професорката нагласи дека во наставниот план задолжителните предмети од оваа група се застапени во сите одделенија, некогаш со повеќе а некогаш со помал фонд на часови во зависност од возрасрта и одделението што го посетува ученикот.
Сите ќе бидат вклучени во новата концепција за основно образование, најави Царовска. По денешната презентација на оваа концепција, најави дека почнува јавна дебата, а документот ќе биде јавно достапен и сите релевантни ќе можат да дадат коментар.
Зголемен инспекциски надзор за време на новогодишните празници. Грашковска апелираше граѓаните да ги почитуваат рестриктивните мерки.