ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи ќе го презентира извештајот за надворешната политика пред пратениците

December 24, 2020 07:13
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Извештајот на министерот за надворешни работи Бујар Османи за остварувањето на надворешната политика и меѓународната положба на Република Северна Македонија, е на дневен ред на  денешната седница на собраниската Комисија за надворешна политика.

Се очекува, меѓу останатото, Османи да се осврне и на активностите на македонската дипломатија по ветото од Бугарија за одржување на меѓувладината конференција на државава со Европската унија.

– Комуникацијата помеѓу нас и Република Бугарија продолжува. Сметаме дека независно од она што се случи, тоа не смее да влијае на односите помеѓу нашите две држави и во барањето на решение за да се надмине оваа пречка и да продолжиме понатаму во процесот. Очекувам веднаш по новогодишните празници да продолжиме со комуникација за изнаоѓање решение, изјави завчера Османи.

Специјалниот пратеник на Владата во разговорите со Бугарија, Владо Бучковски вели дека во интензивна комуникација со Министерството за надворешни работи на Бугарија се  очекува да добиеме евентуални забелешки и дополнителни предлози за акцискиот план.

-Патоказот или патната карта, како што ја нарекуваат, треба да биде една од алатките за интензивирање на реализацијата на  Договорот за соработка и пријателство. Мислам дека тоа би требало да го добиеме веќе после Нова година, што би било еден позитивен импулс дека ќе имаме нова, посериозна шанса би рекол пред парламентарните избори да видиме дали можеме да изнајдеме компромис за неколкуте отворени прашања, изјави Бучковски во телевизско гостување.

Нашиот тим, вели Бучковски, интензивно се координира, се обидуваме да бидеме проактивни, да покажеме подготвеност од наша страна и покрај разочарувањето дека нема откажување.

-Португалското претседателство е нова шанса. Пред изборите во Бугарија ќе се обидеме да ги дефинираме и убеден сум дека ќе ги дефинираме оние прашања кои се најприоритетни да ја вратиме довербата, изјави Бучковски.

Од Владата и вчера повторија дека ќе продолжат да даваат и да разменуваат идеи се додека не се надминат проблемите и пречките со Бугарија, а бугарскиот заменик министер за надворешни работи Петко Дојков упати порака да се смири тонот и да се врати довербата меѓу Софија и Скопје.

-Владата пред десетина дена информираше, а кажа и специјалниот претставник на Владата, дека документот содржи и размена на идеи кои постојано ги даваме и ќе продолжиме да ги даваме, се додека не ги надминеме проблемите и пречките кои од страна на Бугарија се испречија за нашата европска интеграција, односно за следниот чекор а тоа е одржувањето на првата меѓувладина конференција, рече владиниот портпарол Душко Арсовски, во одговор на новинарско прашање зошто специјалниот претставник не ја информира јавноста по враќањето од Софија за нонпејперот што го претставил на бугарските власти.

-Причината за однесувањето на Бугарија во врска со стартот на преговорите на Северна Македонија со ЕУ се должи на неисполнувањето на Договорот за добрососедство, изјави Дојков. Нашите односи, наведе тој,  отсега ќе продолжат да изгледаат како односи меѓу две соседни земји. Една која веќе подолг временски период вложува големи напори да ја поддржи втората, а друга која аплицира за членство во ЕУ.

Според Дојков, постои голема доза на внатрешна политика во недоразбирањето на Бугарија со Северна Македонија. – Акцентот на дискусиите секогаш е насочен кон Бугарија. Постојат две гледишта. Едното е нашето, второто е на Скопје. Според Скопје, има напредок ако се направи споредба со другите слични историски комисии. Но, нашето мислење е спротивното. Имаме одредени очекувања. Наше мислење е дека работата на оваа комисија еднострано прекината, а резултатите што се постигнати не се официјално реализирани, додаде Дојков.

Next Post

Магливо во котлините

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk