ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Поради пандемијата, бројот на патници на македонските аеродроми годинава е намален за околу 70 отсто

December 24, 2020 16:56
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Аеродромите во Скопје и Охрид од јануари до ноември годинава изгубиле над 1,7 милиони патници поради ковид-19 пандемијата, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во текот на ноември 2020 година, со воздухоплови на македонските аеродроми биле превезени 45.001 патник, од кои 43.784 патници на Меѓународниот аеродром Скопје и 1.217 патници на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, пренесува Мета.мк

Статистичките податоци покажуваат дека во 11-те месеци од годинава на двата аеродрома биле превезени вкупно 731.733 патници, додека во идентичниот период лани имало 2.470.106 патници. Тоа е пад за околу 70 отсто во споредба со лани. Инаку, официјалните финансиски штети што годинава ги претрпеа македонските воздухопловни власти, концесионерот на двата аеродрома и авиокомпаниите поради ковид пандемијата ќе биде познати на почетокот од 2021 година.

И покрај негативните резултати што ги предизвика ковид-19 пандемијата во авиосообраќајот, актуелниов месец, по подолго време, беше пуштена во сообраќај нова авио дестинација од скопскиот аеродром за Киев, со најава за воспоставување на воздухопловна врска од Скопје за Абу Даби и за Букурешт за време на Европското првенство во фудбал идното лето. Ваквите позитивни најави влеваат надеж за подобрување на состојбата догодина, но очекувањата на воздухопловните власти од земјава се дека ќе бидат потребни не помалку од три години за да закрепне авиосообраќајот во земјава и да го достигне нивото на превезени патници коешто го имавме на крајот на 2019 година.

Огромните штети што ги предизвика ковид-19 пандемијата во авиосообраќајот се видливи и на меѓународно ниво. Податоците на Евроконтрол според постојното сценарио, покажуваат дека вкупниот број на летови во Европа се очекува да биде намален за 55 отсто во споредба со 2019 година или на европското небо да има 6 милиони помалку летови. Ова е дополнително намалување од 1 милион летови во Европа во споредба со претходното сценарио, кое пред неколку месеци го разви Евроконтрол во однос на влијанието на ковид-19 врз авиоиндустријата.

Поради недостатокот на координиран пристап меѓу земјите во однос на мерките за заштита од ковид-19, во декември 2020 година се очекува намалување на бројот на летови за 54 отсто во споредба со идентичниот месец од 2019 година. Слични предвидувања се дадени и за првите два месеци од 2021 година.

Next Post

Бонева со речиси 7.000 докази и 28 сведоци ќе докажува дека не давала лажни фискални сметки

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk