ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

Богоевски: Пратеничкото прашање и вториот кат на апасиев

December 25, 2020 11:08
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Павле Богоевски

Првите пратенички прашања на овој собраниски состав се на 30 декември. Пратеничките прашања се едно од најсилните оружја во арсеналот на секој пратеник, посебно на пратениците од опозицијата.

Така, имајќи ја предвид огнената страст со која на пратениците од Левица им се пенават устите полни зборови за заштита на народот, младите и обесправените работници, се поставува дилемата – кои се првите пратенички прашања кои ќе ги постави димитар апасиев?

Кои се првите граѓани на кои овој бранител на народните маси ќе се обиде да им помогне, односно чии интереси ќе сака да заштити (зло)употребувајќи ја својата пратеничка функција?

Дали апасиев ќе го искористи притисокот на парламентарната говорница да праша за маките на работниците во време на најголемата пандемија во поновата историја?

Дали неуморниот defensor plebei ќе се заложи против „лошите реформи во образованието“? Дали левиот патриот на десниот браник од татковината ќе ги употреби алатките на демократијата за одбрана на националните интереси?

Не, не и не.

апасиев „неподмитливиот“ го искористи своето прво пратеничко прашање за да изврши притисок врз Министерството за култура да ја реновира неговата семејна куќа во Велес (особено вториот кат).

Куќата на Аликарови е во сопственост на семејството на младиот профа од Велес. Тоа е објект кој е значително културно наследство и има реална потреба од реновирање и реставрација. Исто како што имаат уште најмалку десетина објекти во Велес и велешко, како и стотици други во државата. Факт е дека се потребни многу повеќе средства во оваа област, како што се потребни и во здравството, образованието и сл.

Но, за ова си има постапка која е во надлежност на Националниот Конзерваторски Центар. Во нормални услови, овие постапки можат да траат повеќе години, а во услови на пандемија, претпоставувам уште подолго.

Еден искусен правен експерт би требало да го знае ова, што значи дека свесно ја (зло)употребува говорницата во лични цели или уште полошо – доколку веќе има постапка пред Националниот конзерваторски центар – има цел да влијае во сопствена корист врз процедурата.

Затоа другарки и другари – во политиката, една од најубавите работи е времето. Кога ќе помине доволно, сите ќе си го покажат вистинското лице. Како што тргнала работава, воопшто не би бил изненаден второто пратеничко прашање да му биде кога државата ќе го обесштети за заробените партиски средства во Еуростандард. Повторно маскирано низ призмата на обесправениот народ, се разбира.


Текстот е личен став на авторот

Next Post

Џафери со честитка за Католички Божиќ

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk