ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Десет компании наградени со признанието за македонски квалитет

December 25, 2020 15:49
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Десет македонски претпријатија го добија престижното Признание за македонски квалитет, кое традиционално го доделува Сојузот на стопански комори на Македонија под покровителство на претседателот на државата.

Годинава, настанот се одржа во претседателската резиденција „Вила Водно“, а наградите ги врачија претседателот Стево Пендаровски и претседателката на Сојузот на стопански комори Данела Арсовска.

Годинашни добитници се „Еви Интернационал“, „Терма лифт“, „Ваурон“, „Ми–комерц“, „Процес Ин“, „Раденковиќ консалтинг“, „Зафир Комерц“, „Девомак“, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“ и Горјан Јовановски, автор на апликација „Мој воздух“.

За претседателот Пендаровски, признанието за македонски квалитет годинава има посебна тежина.

– Вие знаете најдобро, во овие тешки услови, колку напори вложивте за компаниите да опстанат, да ги сочувате вработените, да не кратите од нивните плати, а притоа, да го задржите квалитетот на производите и услугите што ги испорачувате. Затоа признанието за македонски квалитет оваа година има посебна тежина и сите добитници заслужуваат особена почит. Сакам најискрено да им честитам за постигнатото, верувам дека признанието за квалитет ќе биде мотив за уште поголеми успеси во иднина. Во овој контекст, посебно за одбележување е што сe води сметка признанието да го добијат економски субјекти кои се грижат за своите вработени. Се радувам што и оваа година избраните компании, кои се од различни области, се стремат кон општествена одговорност, технолошко унапредување и воведување на иновации во својата област, а при тоа не забораваат да ја чуваат и промовираат македонската традиција, истакна Пендаровски.

Според претседателката на ССК, овие ентитети демонстрираат упорност да ги реализираат своите идеи и покрај бројните предизвици со кои се соочени годинава.

– Потребно е континуирано да се поддржуваат сите кои се борат за подобра економска иднина и допринесуваат и во време на криза како оваа предизвикана од пандемијата. Убаво е да се видат светли примери и во оваа година која беше исполнета со предизвици, кои се доказ дека никогаш не треба да се откажете од градењето на сопствената успешна приказна. Македонските економски амбасадори, треба да се мотив во 2021 година сите заедно да делуваме да се креира подобро деловно опкружување и да им се помогне во нивната мисија со вредна и посветена работа, да бидат наш прозорец кон светот и гордо да не претставуваат со своите успеси. На овој начин се промовира и македонскиот идентитет во светот што во овие моментите е особено критично и важно, нагласи Арсовска.

Манифестацијата се одржува секоја година во знак на оддавање признание и промовирање на деловните успеси на македонските претставници на национален бренд за тековната година. Се доделуваат 10 признанија секоја година.

 

/МИА/
Next Post

Бектеши: За три години изградивме гасоводна мрежа колку што немаше за претходните 30

EVN

НАЈНОВО

Фото: Скриншот, видео ХРТ, Јутјуб

(ВИДЕО) Групата Лелек победи на Дора 2026 со „Андромеда“, ќе ја претставува Хрватска на Евросонг

February 16, 2026
Фото: Скриншот, видео Јутјуб/Давор

Поплавени домови, евакуирани домаќинства и висок водостој на реките по обилните врнежи во целата земја

February 16, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Дојран

Дневен хороскоп со Анаис – 16 февруари 2026

February 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Вучиќ ја критикуваше Шекеринска на Минхенската конференција, СДСМ го осуди неговиот настап

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто човекот не се вратил на Месечината повеќе од 50 години?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Доаѓа нов бран студ и снег: УХМР со прогноза за следните денови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • DW: Зошто Израел распрскува глифосат долж границата со Либан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Возачот на трамвајот пуштен на слобода, Сараево бара одговорност за трагедијата, премиерот на кантонот поднесе оставка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk