Тие нема што да разговараат како Бугари кои зборуваат бугарски јазик со Македонци кои зборуваат на македонски јазик. Нивниот јазик никој не ги спори изјави во вечерашното интервју на МТВ. Според Претседателот, засега, ништо не треба да менуваме во пристапот, и не гледа потреба од анекс на Договорот за пријателство и добрососедство од 2017 година.
„Не треба да менуваме ништо во пристапот, туку треба да почекаме од Софија, не да дојдат нови луѓе на власт, туку истиве да сфатат, дека ако им беше мотивот избори и сакаа да остварат подобри резултати на нив со ветото, сега имаат цел мандат пред нив и можеме да се свртиме кон рационални аргументи во преговорите“, рече Пендаровски.
Во досегашните преговори со Бугарија немаше рационални аргументи од нивна страна, смета Пендаровски.