ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Предлогот да се одложи либерализацијата на поштенскиот пазар помина на Комисијата за транспорт

December 28, 2020 15:25
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Предлог законот за изменување на Законот за поштенските услуги, во прво читање, со кој треба да се  овозможи одложување на целосната либерализација на пазарот на поштенските услуги најдоцна до 2022 година, денеска помина на собраниската Комисија за транспорт и врски.

Доколку биде изгласан Законот, ќе се овозможи шесто одложување на  целосната либерализација на поштенскиот пазар. Со тоа Пошта на РСМ (давател на универзалната услуга) за која Владата најави реструктуирање, и натаму ќе го задржи екслузивитетот во цената на резервираните поштенски услуги што опфаќаат прием, пренос и врачување на пратки за коресподенција (писма и поштенски картички)  и пратки на директна пошта до 50 грама. И приватните поштенски оператори имаат право да ја извршуваат резервираната поштенска услуга, но со цена најмалку два и пол пати повисока од цената по која давателот на универзалната услуга носител на индивидуална дозвола ги обезбедува пратките од резервираниот дел.

Во Предлог законот стои дека се остава простор Пошта на РСМ, како национален оператор да инвестира во осовременување на поштенската мрежа и во креирањето и на други (нови) услуги, што ќе придонесе за неговата одржливост преку давање поквалитетни поштенски услуги за граѓаните.

Националниот оператор, стои во образложението, нема технички можности, односно нема обезбедено систем за вршење посебно сметководство што во услови на непостоење на овој систем, со кој покрај другото детално ќе дава приказ на трошоците за обезбедување на услуги, ценовната политика ќе се базира на претпоставен трошок. Исто така, непостоењето на системот за посебно сметководство и алокација на трошоци, истовремено значи и неможност за користење на компензацискиот фонд како право на надомест на нето трошоците што настанале со обезбедувањето на универзалната услуга доколку давателот на универзалната поштенска услуга докаже дека трошоците се повисоки од приходот остварен од обезбедувањето на универзалната услуга во претходната година.

-АД Пошти на Република Северна Македонија се одликува со постоење на „гломазен“ систем кој го оневозможува и успорува долгиот и скап процес на реорганизација, и тоа во насока на унапредување на работењето, соодветно справување со конкуренцијата и нејзино полесно адаптирање кон работењето согласно сите правила за претприемништво и работа во услови на слободна пазарна економија, наведува Министерството за транспорт во Предлог законот..

Кон одлуката за одложување на либерализацијата, стои во документот, е земена во предвид и препораката дадена во Белата книга на Агенцијата за пошти која во рамки на своето работење и надлежности како регулатор се залага за спроведување на процесот на либерализација на укинување на ценовниот монопол. Сепак, во својата Бела книга која се однесува на состојбата на македонскиот поштенски пазар и каде дава осврт на целокупната, актуелна состојба на пазарот на поштенски услуги меѓудругото, има предложено и несомнено препорачува целосна либерализација на пазарот на поштенските услуги најдоцна до 2022 година, стои во образложението.

 

/МИА/
Next Post

Шахпаска: Со Договорот за грант за изградба на градинка, Општина Битола го проширува капацитетот за 152 деца, а во тек е изградба на 15 нови градинки за 1900 деца

Најново

Фото: Скриншот, видео N1

Рундек со мини-концерт во Белград им даде поддршка на студентите со „Ay Carmela“

May 8, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Викенд хороскоп на Анаис за 9 и 10 мај 2026: Социјална динамика и нови идеи

May 8, 2026
Фото: Скриншот од war.gov/UFO

Трамп објави тајни досиеја за НЛО: „Народот сам нека одлучи што по ѓаволите се случува“

May 8, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дали светот се соочува со нова пандемија: Што се случува со хантавирусот на крузерот „Хондиус“?

May 8, 2026

Советничка на ЗНАМ ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, преминува во опозиција

May 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk