Северна Македонија не ни остава друг избор за нашата позиција, вели историчарот Пламен Павлов во интервју за бугарски „Фокус“ за македонско бугарските односи. Според него, Бугарија немала друг избор освен да каже „не“.
„Во македонската пропаганда, која добива гебелсовски обем од време на време, се стига до апсурдни тврдења како сме ги сопреле со вето, па се до грозни цинични изјави од офцијални претставници. Оваа анти-бугарска кампања треба да престане и Бугарија е жртва во овој случај. Не сакаме ние да сме жртва. Не сакаме да го пренесуваме овој апсурден и измислен конфликт на бугарска територија. Ми се чини дека тоа што ние го зборуваме на официјално ниво, дека се плашиме од некакво македонско малцинство во Бугарија, е неодржливо“, вели тој.
Тој смета дека земјата има бугарско малцинство во Македонија.
„Го имаме дури и во тие десетици илјади луѓе, кои имаат бугарски пасоши и кои би биле многу повеќе, ако Бугарија имаше една поотворена и појасна политика по прашањето. Тие не се виновни дека ние сме ги изгубиле земјите, дел од Бугарија на времето. Во минатото, Федерална Република Германија нудеше германски пасош на секој човек од Источна Германија, бидејќи имаа право на таков. Според мене, луѓето од Македонија, особено тие кои се со бугарско потекло, имаат категорично право на бугарски пасош. Таму се случија големи проблеми, се чекаше со години за пасош, корупциски шеми и што ли не. Како и да е, луѓето со бугарско потекло од Македонија, а тоа се мнозинството од луѓето, тие се Бугари за нас. Како тие се чувствуваат, тоа е нивно лично право“, вели историчарот.