ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Мирна ноќ за дежурните екипи во Клиничкиот центар

January 1, 2021 13:17
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во ургентните центри и ковид центрите во Клиничкиот центар новогодишната ноќ поминала мирно. Споредено со минатите години имало помалку приеми. Десетина прегледи имало во Ургентниот хирушки центар и десетина на Клиниката за токсикологија.

Ова, според министерот за здравство Венко Филипче, е показател дека граѓаните ги почитувале препораките.

– Десетина прегледи и приеми во Ургентниот хируршки центар, што споредено со 30 до 40 изминатите години е многу помалку. Десетина приеми и на Клиниката за токсикологија што на еден начин е ургентен интернистички центар, исто така многу помалку споредбено со тиесетина случаи кои биле примани изминатите години. Тоа значи дека навистина се почитувале мерките, да нема прослави, да нема групирања и тоа е една голема заслуга и на граѓаните, рече Филипче во изјава за медиумите пред Ургентниот центар во Скопје.

Во ковид центрите, посочи тој, во континуитет изминатите повеќе од една недела, скоро идентичен број на слободни кревети – стотина на интерните клиники, само три приеми вчера и значајна бројка триесетина слободни кревети на Инфективната клиника, што, според него, значи дека и овој тренд на прилично еднаков прием и број на исписи во ковид центрите, е знак за стабилна епидемиолошка ситуација.

Директорката на Инфективната клиника Милена Стевановиќ информира дека на Клиниката вкупно се хоспитализирани 122 пациента, од кои стотина се со тешка клиничка слика, околу 12 на неинвазивна вентилација, а најголем дел од нив се на поддршка со висока концентрација на кислород.

– Ова е најниска бројка, многу одамна не сме ја имале. Се надевам дека овој тренд ќе продолжи, рече Стевановиќ.

Доктор Дејан Доќич информира дека во ковид центрите на инфективните клиники вчеравечер имало само три приеми и немало починати. Вкупно, како што посочи, има 104 празни кревети од вкупен капацитет од 220 кревети. Ниеден од нив нема потреба од неинвазивна вентилација или респиратор.

 

/МИА/
Next Post
Фото: Кирил Михаилов

Три новогодишни прослави на поголема група на луѓе во Скопје, МВР најавува пријави

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk