ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Ковид пандемијата го зголеми интересот за домашните туристички центри

January 2, 2021 08:52
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ковид пандемијата годинава ги натера македонските граѓани да се свртат кон домашните зимски туристички центри. Поради ограниченоста да се патува без ПЦР тест надвор од државата, атрактивни се туристичките капацитети во Маврово, Попова Шапка, Берово и Крушево. За разлика од минатото, годинава особено атрактивна е Попова Шапка бидејќи таму има снег, а работи и ски центарот.

Туристичките агенции, кои беа први на удар од ковид кризата и кои се уште чувствуваат сериозни последици од неа, велат дека има интерес за патување во домашните рекреативни центри и во туристичките места во земјава, додека патувањата во Банско и Боровец во соседна Бугарија, кои со години наназад беа топ дестинација за зимување, сега се намалени поради задолжителниот ПЦР тест. Има граѓани кои сакаат да патуваат и на Копаоник и Златибор, но сепак, нивниот број е минимален.

– Интересот и интензитетот на патувања секако е слаб ако се спореди со минатите години пред се поради ограничувањето во дестинациите на кои може да се патува. Изборот за патување е лимитиран. За соседна Бугарија е потребен ПЦР тест и во ЕУ е тешко достапно да се патува. Во таа смисла во моментот без задолжителен ПЦР тест, македонските граѓани може да патуваат во земјава, во Албанија и во Србија, велат од „Савана“ која е една од туристичките агенции што ги контактираше МИА.

Туристичките агенции се едногласни дека патувањата надвор од земјава се значително намалени во споредба со минатите години пред се поради лимитираната понуда и неизвесната ковид ситуација која секојдневно се менува. Така, поради најавите за задолжителен ПЦР тест во Турција сега и таму патувањата стануваат дискутабилни.

Цените во зимските туристички центри годинава се релативно исти како и за секоја претходна зимска сезона. Нема никакви промени бидејќи, како што велат агенциите, драстични намалувања на цените се економски неиздржливи за нив во оваа и така сериозна ситуација во која се наоѓаат.

– Нема промени во цените со цел привлекување на туристи. Најверојатно заради тоа што туристичкиот сектор и целата оваа индустрија се соочуваше и се уште се соочува со сериозни предизвици да се издржи овој период. Во таа смисла не може да се издржат некакви драстични намалувања на цените затоа што економски се неиздржливи за сите туристички чинители, велат туристичките агенции.

Next Post

СДСМ: 2021 е година на позитивен пресврт во нашето општество, со “Акција 21” ја носиме Европа дома

Shortcut

Најново

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
Протести во Албанија, октомври 2026 (globalnews.ca)

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ) Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Брвеница избира градоначалник: Во трка се шест кандидати

October 18, 2026

Полициска бруталност во Албанија: ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk