Мета ги објави случувањата во 2020 година преку фотографии.
Танака е родена на 2 јануари 1903 година, а Гинисовата книга на рекорди ја прогласи за највозрасен човек на светот во март 2019 година, кога имаше 116 години. Таа е родена истата година кога е забележан првиот лет на браќата Рајт, но исто и како британскиот писател Џорџ Орвел.
Северна Македонија на креативен начин го насочи Системот за управување со инциденти на следната генерација (Next-Generation Incident Command System) или скратено НИКС за менаџирање на пандемијата на Ковид-19.
Криптовалутата биткоин денеска првпат ја надмина вредноста од 30.000 долари, достигнувајќи попладнево 31.502,77 долари, објави агенцијата Блумберг. Биткоинот на 16 декември првпат го надмина износот од 20.000 долари, а последните денови достигна нови рекорди, приближувајќи се кон 30.000 долари.
Стотици илегални мигранти, блокирани на отворено во близина на босанскиот град Бихаќ, започнаа денеска штрајк со глад и одбија да се сместат во шатори, објавија локалните босански медиуми.
На почетокот на новата година има разногласие кај тутунарите како да се реши реалниот откуп на тутунот. Сојузот на тутунски здруженија и Иницијативниот одбор на тутунари пред Нова година излезе со став дека треба да се стопира откупот и да се повлечат поверениците.