ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Заев: Првите вакцини доаѓаат во февруари, ќе се вакцинирам како пример, но предност имаат здравствените работници и хронично болните

January 4, 2021 20:18
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

На прашањето за обезбедување на вакцините и тоа конкретно по месеци и количини, премиерот Заев вечерва во вестите на ТВ Сител посочи дека од Министерот за здравство добил потврда дека од компанијата „Фајзер“ пристигнуваат  првите 5.850 во февруари, од вкупно 800.000 колку што е договорено, но и дека е возможно регистрирани вакцини од регистрирани компании и одобрени од Светската здравствена организација да пристигнат и порано.

„Ветено дека ќе добиеме одредени количини, тоа е европска  солидарност, тие ги добија првите количини, а веќе стасуваат и вторите количини во најави. Само пет проценти ако споделат со Западен Балкан, заедно ќе одиме со Европската Унија со задоцнување од една недела или две зад нив“, рече премиерот Заев кој истакна дека е најважно да стигнат вакцините до граѓаните и дека Северна Македонија има средства да набави  вакцина, од било која група.

 

„Важно е да стигнат на време. Затоа што најважно е да ги заштитиме медицинскиот персонал, час поскоро е добро тоа да се случи. Втората работа е психолошкиот ефект, ќе олабави малку грижата и тоа е важно за секојдневното психолошко функционирање на граѓаните и на економијата.

Имаме најави и со Кина за околу 200.000 вакцини за овој месец, но ќе видиме кои се условите. Кина има пет вакцини кои ги поминале фазите и тие веќе се дистрибуираат надвор од Кина и две во фаза на тестирање. Чекаме и од ЕУ од Ковакс механизмот, од кои 100 милиони вакцини се за Западен Балкан.

Премиерот Заев за најавите и точните бројки на вакцини кои ќе пристигнат од европските земји и нашите соседи, како  Австрија, Полска, Бугарија, Грција, рече дека и тие добиле десет пати помали количини од најавените вакцини и изрази надеж дека динамиката на продукција и испорака на вакцини во следниот период ќе биде посоодветна од претходно најавената.

Тој посочи дека се прават напори и за обезбедување на вакцини и овој месец во јануари.

„Секако дека ќе се вакцинирам, но, без да ги кршам протоколите, да не бидам пред медицинските работници, пензионерите и хронично болните,  јас ќе го дадам примерот и ќе се вакцинирам за да испратам порака дека таа е здрава, безбедна. И сега ја користам приликата да апелирам до сите граѓани, дека според светските експерти таа е исправна и треба сите да ја примиме, освен за оние групи за кои лекарите ќе го исклучат тоа“, рече премиерот Заев кој додаде дека вакцинацијата ќе се врши најпрво кај медицинските работници, пензионерите, хронично болните, а потоа кај останатите граѓани.

Премиерот Заев најави дека државата заедно со медиумските работници ќе развие стратегија за преку јавна кампања за подигање на свеста кај граѓаните и да се доближат до населението сите важни информации во врска со вакцинацијата за да се обезбеди масовна вакцинација.

Next Post

Премиерот Заев: Намерата не е да се укинат предмети, туку да се отвори дебата во јавноста за да се дојде до подобар и интегриран образовен систем

Shortcut

Најново

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk