ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Пет затворени угостителски објекти во изминатата недела, два од нив во новогодишната ноќ

January 5, 2021 15:03
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Споредено со периодот од 21 до 27 декември, кога беа затворени 13 угостителски објекти, за повеќе од 60 проценти е намален бројот на угостителски објекти кои биле затворени во минатата недела, од 28 декември до 3 јануари. Затворени се пет, а два од нив за време на новогодишната ноќ – еден во Струмица и еден во Битола.  Државниот пазарен инспекторат  ги спровел контролите  во соработка со МВР.

Претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Грашковска на прес-конференција соопшти дека во наведениот период (28 декември – 3 јануари), ДПИ  извршил 4652 контроли и 278 надзори поврзани со почитување на протоколите за работа на угостителските објекти и со законите по кои постапува овој инспекторат.

-Изречени биле 35 прекршочни пријави, 24 решенија за констатирани неправилнсти и 16 прекршочни платни налози. Од 24-те решенија, пет се донесени за непочитување на Законот за заштита на населението од заразни болести и протоколот за работа на угостителските објекти – по два во Битола и Тетово и за еден во Струмица, каде што не се почитувало работното време и ограничувањето за четири лица на една маса. Во сите случаи е изречена забрана за вршење дејност, тие се затворени за работа на самото место и дополнително се изречени соодветни прекршочни платни налози, рече Грашковска.

Директорот на ДПИ Стојко Пауновски во одговор на новинарско прашање соопшти дека двата  угосителски објекта во Битола се затворени – едниот, на 3 јануари,  поради пречекорување на работното време по 18 часот, и ќе биде затворен десет дена.

Другиот објект е казнет 30 работни дена зашто во него на новогодишната ноќ имало забава со многу повеќе луѓе отколку што би собирал во нормални услови. Согласно Закон за прекршоци, ќе биде изречена и глоба.

Пауновски во одговор на новинарско прашање рече дека очекува оваа година Инспекторатот да има нови вработувања зашто според договорот со Владата и во рамки на дозволениот буџет за плати, ќе вработат инспектори на местото на тие што се пензионираат.

-Нашето барање беше околу 20 луѓе да примиме во 2020 и 2021. За оваа година имаме најавени 32-33 пензионирања, што значи бројката од 20 нови примања ќе ја спроведеме. Дел од кусокот на вработени инспектори во ДПИ во овој период го пополнивме со преземање други административни службеници, рече Пауновски во одговор на новинарско прашање на прес-конференцијата на Инспекцискиот совет.

 

/МИА/
Next Post

Обвинителството го заврши увидот за причините за пожарот во „Глобал“

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk