На претставниците на Светска здравствена организација, кои треба да го истражи потеклото на Ковид-19 во кинескиот град Вухан, им беше забранет влез во Кина.
Според СЗО проблемот настанал при издавање на визите за претставниците на СЗО.
Додека кинеските власти соопштија дека се уште се договараат деталите за посетата, вклучително и датумите.
Генералниот директор на Светска здравствена организација, Тедрос Аданом Геберјесус изјави дека е многу разочаран што кинеските власти не им дозволија влез во земјата на експертите за испитување на потеклото на Ковид-19.
Тој наведе дека дел од експертите веќе тргнале кон Кина, а на другите патот им е откажан во последен момент.
– Добивме уверување дека Кина ги забрзува внатрешните процедури за што поитно решавање на овој проблем, посочи Гебрејесус.
Тој истакна дека стапил во контакт со кинеските власти и оти мисијата е приоритет на СЗО и на меѓународниот тим.
Кинескиот став за истражување на потеклото на пандемијата секогаш бил отворен и одговорен, истакна портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Хуа Чунјинг.
Таа нагласи дека е „можно да дошло до неспоразум“ и оти „нема потреба да се продлабочува прашањето“.
– Проблемот на потеклото е многу сложен. За да обезбедиме успешна работа на меѓународната експертска група во Кина и за да се извршат потребните процедури и релевантните конкретни планови, двете страни мора уште да разговараат за тоа, посочи Хуа.
Претходно, генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Геберјесус изјави дека е многу разочаран што кинеските власти не им дозволија влез во земјата на експертите за испитување на потеклото на Ковид-19 во Вухан.

Ј. Ѓ.