ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Попладневен преглед: Левица со недолично соопштение за немирите во Капитол Хил, не сакаат да ги носат маските правилно, па им се закануваат со убиство на патниците во автобусот…

January 8, 2021 18:01
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Левица со недолично соопштение, за немирите во Капитол Хил. Во соопштението поставено на нивната официјална веб страница, Сектор Надворешна политика и безбедност – Левица, со пежоративен назив ги ословува Соединетите американски држави, како поранешните британски Тринаесет Колонии.

Првите вакцини преку Ковакс-механизмот ќе стигнат на крајот на месецов или на почетокот на февруари. Освен најавата дека е можно да стигне одредена количина на крајот на јануари или почетокот на февруари, нема најава за точна количина, како што нема ни една земја од Ковакс-системот. Очекуваме тоа да биде следниот чекор, изјави Филипче одговорајќи на новинарски прашања.

Груби доби уште една казна, треба да плати 500 евра како „домаќин“ на прославата во Министерството за политички систем. Тој веќе доби казна од 20 евра од МВР за неносење маска, а казната од 500 евра следи по вонредниот надзор на Државниот инспекторат за труд од каде денес утврдија дека има прекршување на Законот за заштита на населението од заразни болести.

Д-р Беќaровски: Сите што се причестивте со исто лажиче, го обесчестивте десетмесечниот труд на здравствените работници. Реакцијата доаѓа по вчерашното причестување во повеќе црковни храмови,  со причестувањето со исто лажиче.

(ВИДЕО) Не сакаат да ги носат маските правилно, па им се закануваат со убиство на патниците во автобусот. „Ќе те носам, во киселина ќе те турам… не знаеш со кого имаш работа. Не знаете со кого имате работа…“, и се обраќа еден од патниците кои се закануваат на жената.

И Трамп како Груевски ги пушти низ вода тие што рушеа демократија во негово име…Веќе видено. Тоа е таа популистичка школа на гласови преку омраза и јавно мислење преку трол културата на социјаните медиуми. Тоа е тоа урнисување на демократијата преку милитаризација на јавниот дискурс и екстремна поларизација на населението која во реалноста не може да има друг крај освен насилна манифестација на омразата која внимателно и плански е всадена во широките маси – пишува Павле Богоевски.

Како жените се справуваат со менструалниот циклус во Вселената (ВИДЕО).  За среќа, денес, постојат начини да се спречи жените да имаат менструација. Нема правила и прописи околу тоа што треба да направи една жена астронаут во врска со нејзиниот циклус, тоа е потполно личен избор. Некои жени астронаути сметаат дека потиснувањето на протокот, не е соодветно за нив и затоа избрале да имаат менструација во вселената.

Синдикалната кошница за декември 33.697 денари. Просечната исплатена нето плата во октомври 2020, потсетува ССМ, беше 27.899 денари.

Тутунарите ќе ги решаваат проблемите преку нова средба со институциите и откупувачите. Според Менде Стоманроски, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија ситуацијата на теренот е речиси непроменета, а просечната цена останата на 167 денари. Барањата се доставени до министерството за земјоделство, до инспекторатот, до премиерот.

Епидемиологот Радовановиќ: Мора да се испита високата стапка на смртност на лекарите. -Кога еден од нив пролетоска беше запрашан како се инфицираат лекарите во ковид зоните, тој кажа дека тие се уморни на крајот од работното време, па затоа невнимателно ги соблекуваат заштитните одела. Тоа беше многу невкусна изјава, особено затоа што многумина ја немаа потребната заштита, кажа Радовановиќ.

И.Т.З.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

И со пропагандата се претера: Инфомакс пак навива за насилниците и суши-лаже дека Македонците и Албанците биле обединети за Трамп

НАЈНОВО

ВИ

Возрасни со цуцли: Новиот тренд за намалување на стресот во Кина

September 4, 2025
Foto: Wikimedia Commons

НАТО реагираше поради Додик: Секоја закана за сецесија е опасна

September 4, 2025

Кралот Чарлс Трети и неговите необични навики

September 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Виз Ер“ воведува летови до Скопје од Будимпешта и Наполи, а до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Потрага во морскиот дел на Халкидики по македонска државјанка – пронајдена жива и здрава на копно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце Ѓорѓиевски, во тимот за Скопје го вклучи Гоце Станковски, осуден за примање поткуп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарот Селмани жртва на вандализам: Избрале погрешен човек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски очекува Обвинителството да го расчисти случајот со прислушувањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk