Со закани и навреди одговориле двајца скопјани откако постара жена им посочила да стават маски на лицата додека се превезуваат со автобусот на ЈСП. Од видеото се гледа и слуша како двете лица тропаат по држачите на автобусот, се дерат по патниците и шоферот, пренесе А1 он.
За случајот е запознаено и Министерството за внатрешни работи од каде валат дека се работи на негово расчистување.
„Ќе те носам, во киселина ќе те турам… не знаеш со кого имаш работа. Не знаете со кого имате работа…“, и се обраќа еден од патниците кои се закануваат на жената.