ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Епидемиолошката состојба стабилна, првите вакцини на крајот на јануари или почетокот на февруари

January 9, 2021 08:56
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА

Епидемилошката состојба во земјава е стабилна, а прекршувањата за празниците не биле чести, оценија здравствените власти по завршувањето на новогодишните и божикните празници. Се надеваат дека ќе продолжи трендот на намален број на хоспитализирани пациенти, а за крајот на јануари или почетокот на февруари најавуваат дека ќе пристигнат и првите дози на вакцини преку Ковакс механизмот. За две недели се очекува да пристигне и лекот „Ивермектин“.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави дека со вакцините кои треба да пристигнат од сите механизми, ќе бидат вакцинирани 1,2 милион граѓани во земјава, што е речиси 60 проценти од населението. Очекувањата на здравствените власти се дека со нив треба да се постигне колективен имунитет.

Во изјавата за медиумите, Филипче соопшти дека првите дози што се обезбедуваат преку Ковакс механизмот можно е да стигнат на крајот на јануари или почетокот на февруари. Станува збор за вакцината на „Фајзер“, а следна која доаѓа предвид, како што посочи, е вакцината на „АстраЗенека“.

-Освен најавата дека е можно да стигне одредена количина на крајот на јануари или почетокот на февруари, нема најава за точна количина, како што нема ни една земја од Ковакс-системот. Очекуваме тоа да биде следниот чекор, изјави Филипче, одговорајќи на новинарски прашања.

Преку Ковакс-механизмот во земјава треба да пристигнат 833 илјади дози вакцини за над 400 илјади граѓани. Дополнително како резултат на директните преговори со компанијата „Фајзер“ се очекуваат околу 800 илјади дози, а дел се очекува и од солидарниот механизам – отстапување одреден процент од вакцините што ги набавуваат земјите членки на ЕУ.

За две недели се очекува во земјава да пристигне и лекот „ивермектин“ кој ги помина сите фази во Министерството за здравство и во МАЛМЕД. Лекот ќе се издава на рецепт од страна на матичните лекари и во болнички услови.

-Студиите покажаа дека „Ивермектинот“ се дава на три групи граѓани и тоа, кај ризичните групи на работници, коишто имаат висок ризик да заболат, потоа на луѓе, кои биле во контакт со заболен и на заболени пациенти. И кај трите групи има различни индикации, различно дозирање и затоа е потребно давањето на лекот да биде под контрола на лекар, нагласи Филипче.

Најновите податоци што ги објави Министерството за здравство покажуваат дека во земјава се регистрирани 100 нови случаи од направени 764 тестирања. Најмногу од новозаболените повторно се во Скопје – 47. Битката со вирусот ја изгубија 11 пациенти од кои најмладиот на 41 година. Институтот за јавно здравје регистрираше 551 оздравен пациент во изминатите 24 часа.

Според министерот Филипче, епидемиолошката состојба во земјава е прилично стабилна. Намален е бројот на хоспитализирани пациенти, има доволно медицински кадар и слободни болнички кревети.

– Значајно се намалува бројот и во овие изминати денови на  пациенти на коишто им е потребна хоспитализација, а и понатаму е оној тренд на одржување на оној исклучително мал број хоспитализирани пациенти во сите болници не само во Скопје, туку и ширум државата. Верувам дека ќе остане вака, верувам  овие прекршувања на мерките навистина не беа чести и не беа многу, гледавме по телевизиите и мислам дека сме во еден период на стабилна епидемиолошка слика во која што добро се менаџираат и делот на симптоматски пациенти на коишто им е потребно тестирање. Значајно се олесни и тој дел со тестирање со брзите тестови во сите јавни здравствени установи и во делот на   хоспитализација каде што има сосем доволен број болнички кревети и сосем  доволен број лекари, медицински сестри за третман на пациентите, изјави Филипче.

До 21 јануари останува угостителските објекти да работат до 18 часот. Потоа по автоматизам, тие се враќаат на старото работно време до 21 часот, но не е исклучено да биде разгледана можноста да биде прифатено барањето на угостителите да работат до 23 часот.

За министерот Филипче, барањето на угостителите е логично и ќе биде разгледано на некој од следните состаноци на Комисијата за заразни болести.

– Скратувањето на времето рековме дека ќе биде до 21 јануари, кога практично и завршуваат прославите, верските празници, и тогаш веќе по автоматизам се враќаат на работното време до 21 часот. Ние, ќе го разгледаме барањето дали би можело да се продолжи за уште два часа, истакна вчера Филипче, одговорајќи на новинарски прашања.

Дел од угостителите излегоа со барање од понеделник да работат не до 21:00, туку до 23 часот. Ова следуваше по изјавата на министерот Филипче дека ако остане состојбата стабилна, ќе им се врати работното време до 21 часот.

Владините рестриктивни мерки, меѓу кои беше и скратувањето на работното време на угостителските објекти до 18 часот, стапија во сила на 18 декември 2020 година. Нивната цел беше да се спречи ширењето на КОВИД и зголемувањето на бројот заболени за новогодишните и божиќните празници. Мерките треба да престанат да важат на 21 јануари./MИА/

Next Post

Твитер трајно го блокира налогот на Трамп

[adrotate banner=”27″]

[adrotate banner=”28″]

НАЈНОВО

Утре сончево со умерена облачност и пораст на дневните температури

August 6, 2025

Специјалната болница за гинекологија „Мајка Тереза“-Чаир со нов ЕХО апарат за брза и прецизна дијагностика

August 6, 2025

Скендер Реџепи – кандидат за градоначалник на Скопје од Европскиот фронт

August 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Судијката Ема Никочевиќ се врати на терен по успешна операција на д-р Венко Филипче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сарачини: Политичарите „оглувуваат“ кога се зборува за национал-шовинизмот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Казна за младите тиктокџии кои го ризикуваа животот за 1 минута слава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Богојески го оправдува националистичкото скандирање во Куманово: Mакедонските навивачи стануваат жртва на лов на вештерки, само затоа што имаат љубов кон Македонија!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кривична пријава за Кавадарец – си го убил братот и го закопал во дворот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk