ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вмровците со нов скандал, го предлагаат „антидискриминаторот“ Даштевски за претседател на ДИК

January 9, 2021 12:15
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА, СКАНДАЛИ
Share on FacebookShare on Twitter

коментира: ЏАБИР ДЕРАЛА

Продолжува талкањето по политичките и криминалните беспаќа на вмровската партија на Груевски што ја води неговиот советник за енергетика, познат и како „математичарот“ или „хидро“ Мицкоски. По бламажата за време на техничката влада во 2020 година, со Драган Ковачки (одбиен), Наќе Чулев, Рашела Мизрахи, Цветан Трипуновски и неколку други неславни ликови од нивната сликовница на политичките апсурди, вмровците се закитија со уште еден лампион – го номинираат Александар Даштевски за нов претседател на Државната изборна комисија.

Веројатно малку луѓе ќе се сетат на него, но овој најнов бисер од кујната во белата дивоградба, Даштевски, не е наивен предлог. За кого се работи?

Секогаш кога ќе се спомне случај на дискриминација и кршење на човековите права и слободи, човек треба да се сети и на еден мрачен лик, партиски војник, потврден мразач, бранител на режимот на Груевски, „на браникот на криминалот“, што би рекол вмровецот Мицкоски.

Тоа е Даштевски, своевремено прв човек на државната Комисија за заштита од дискриминацијата. Него го постави Груевски со цел да го уништи ова државно тело за заштита од дискриминацијата и да го претвори во бедем токму за заштита и оправдување на неправдите на режимот. И на социјалните мрежи се однесува крајно скандалозно, се вклучува во неконтролирани хајки со изливи на омраза и клеветење, кои не му доликуваат на никого, а најмалку на некој што бил прв човек на државна институција за заштита од дискриминацијата.

Со скандалозна, да не речам криминална, злоупотреба на својата позиција во Антидискриминаторска, тој во повеќе наврати излезе со одбрана на Груевски и Јанкуловска во текот на нивните судења. Со право ќе речат некои дека Даштевски му обезбеди „правен“ простор на Груевски да избега од земјата. Тој бесрамно лаже во емисијата на Васко Ефтов и избегнува да ги открие своите вистински мотиви за ваквото однесување.

Во исто својство, пред судот во Солун, Даштевски беше сведок на одбраната и на бегалците Грујовски и Бошковски, поранешни началници во Управата за безбедност и контраразузнавање, обвинети во предметите на СЈО „Таргет“ и „Тврдина“. Тие избегаа во Грција со фалсификувани бугарски пасоши. Ете, и нив ги бранеше Даштевски, со злоупотреба на својата позиција и со злоупотреба на академските титули за кои исто така може да се дискутира.

На изборниот систем во земјава му претстојат големи и сериозни реформи. Нашата земја е корисник на донации во вредност од десетици милиони евра, испратени се експерти од најрелевантните светски организации. Да го понудите Даштевски како кандидат за претседател на ДИК е, благо речено, дрскост и потсмевање и со македонските гласачи и со македонската и меѓународната јавност. Срам е и за партијата, но тоа не му е проблем на хидро-Мицкоски.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

Next Post

Снежна бура предизвика хаос во Шпанија

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk