ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Бугарија му дала на Бучковски план за спроведување на Договорот за добрососедство

January 11, 2021 19:28
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Специјалниот пратеник на С. Македонија, Владо Бучковски, денеска допатува во Софија каде попладнево од шефицата на бугарската дипломатија Захариева доби акциски план за спроведување на Договорот за добрососедство од 2017 година. Според медиумските извештаи од Бугарија, овој документ, кој се однесува на сите секторски министерства, се очекува да биде потпишан на состанок на Заедничката меѓувладина комисија. Содржината не е позната.

Во пресрет пак, на пристигнувањето на Бучковски, бугарскиот министер за одбрана, Красимир Каракачанов, за тамошните медиуми изјави дека Бучковски има добра волја да најде заеднички јазик, но не и оние што го испратиле во Софија.

Бучковски е човек со добри намери и политичко искуство и не случајно е избран за такви разговори, но мислам дека владата во Скопје го користи. Тие едноставно го користат за да демонстрираат добра волја. Тој има добра волја, но мислам дека таква волја нема кај оние што го испратиле. Бидејќи, три и пол години тие не сторија ништо и сега се надеваат на компромис од бугарска страна. Таму постои див менталитет од 19 век и не гледам причина да очекувам напредок.“

Нема информации од Министерството за надворешни работи за агендата на Бучковски, ниту пак каков епилог очекува од разговорите. Шефот на дипломатијата Бујар Османи попладнево пак, од Скопје негираше дека воопшто постои некаков Анекс со 12 точки од Бугарија. Реагираа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ од каде обвинија дека СДСМ продолжува бесрамно да ги лаже граѓаните и да преговара за македонскиот идентитет и историја. Притоа потсетуваат дека како опозициска партија алармирале за содржината на анексот уште пред неколку месеци.

А, дипломатот и поранешен амбасадор на САД во Софија, Џејмс Пердју, во интервју за бугарски медиуми, рече дека Софија треба да ја поддржи, а да не ја блокира кандидатурата на Македонија во Европската унија.

 

извор алсат.м
Next Post

Бујар Османи:Акцискиот план го предложив на првата моја посета во Софија, Бугарија денес одговори

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk