Полицијата во Сан Франциско се подготвува за протест од подржувачите на Трамп пред седиштето на Твитер, зградата во суштина е празна од почетокот на пандемијата минатата година, и повеќето вработени во Твитер работат од дома.
Но сепак, потенцијалниот најавен протест се случува неколку дена откако Твитер му забрани на претседателот да го користи својот профил – неговата омилена форма на комуникација со милиони следбеници – по она што компанијата го нарече негово “поддржување на насилството” во поглед на нападот на Капитол на 6 јануари минатата недела од страна на неговите следбеници.
„Полицискиот оддел во Сан Франциско е свесен за можноста за демонстрации на блокот 1300 на улицата Маркет (Твитер) утре, понеделник 11 јануари 2021 година. SFPD беше во контакт со претставници на Твитер. Имаме на располагање доволно ресурси за да одговориме на какви било демонстрации, како и на повици за услуги низ целиот град “, напиша портпаролот на полицискиот оддел . Полицискиот оддел во Сан Франциско е посветен на олеснување на правото на јавноста за изразување на слободата на говорот од првиот амандман. Бараме секој што ги користи своите права од Првиот амандман да биде внимателен, да го почитува и да внимава на безбедноста на другите “.
В.Д