ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНФО ПИТ

УХМР: Водостојот на Вардар во Скопје ќе се намалува, сите водостои и понатака релативно високи

January 11, 2021 23:06
in ДЕНЕС, ИНФО ПИТ
Share on FacebookShare on Twitter

Од последните информации добиени од хидролошките набљудувачи, насекаде имаме високи водостои, надпросечни за овој дел од годината, со опасност од локални излевања. Во горните текови (горните делови од сливовите) притисокот на водениот бран попушта и врвот на бранот се спушта низводно по течението на поголемите реки, соопшти вечерва Управата за хидрометеоролошки работи.

Во однос на податоците од 13:00 часот, измерените податоци од 16 часот покажуваат дека Вардар е за 2 cm намален кај Јегуновце, а во Скопје бележи пораст од 15 cm. Во Велес, порастот изнесува 20 cm, а на Црна Река кај Новаци 28 cm.

Според УХМР, во Скопје во текот на ноќта, водостојот ќе почне да се намалува, а во Велес рано наутро ќе го достигне својот максимум. Очекуваат сите водостои кај водотеците и понатака да бидат релативно високи, а како најкритични ги посочуваат реките Вардар горен и среден тек, Треска, Лепенец, Пчиња, Крива, Црна, Радика и Сатеска.

Во текот на ноќта се очекува намалување на врнежите, а со тоа и притисокот на врнежите врз исткувањата ќе се намали. Водениот бран ќе се префрли во долните делови од сливовите.

Во рамниците има појава на заезерување на одредени површини, а има и локални излевања кај повеќето водотеци низ државата, па поради тоа и понатака од УХМР предупредуваат на внимателно движење покрај водотеците суводолиците и во клисурите, поради можност од појава на големи води, излевања, свлечишта и одрони.

Next Post

Против Ковид-19 и со лекот Ивермектин, првите вакцини најавени за крајот на месецов

НАЈНОВО

Фото: МИА

Марш за ангелите во Кочани: Родителите до институцииите – „Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми“

November 8, 2025

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

November 8, 2025
Футуристички колаж со човечки профил во силуета, неуронска мрежа што се спојува со галактичка светлина во златно-сини тонови – симбол на свесниот универзум.

Космосот што размислува: Науката зад идејата за свесен универзум

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Каде го загубивме чувството за срам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk